7 грешки кои ги правите додека се чешлате

Проблемите со косата нè наведуваат да пробаме илјадници разни шампони, регенератори, природни масла, маски, но сте помислиле ли дека можеби единствено грешите во начинот на чешлање?

dali-ja-ceslate-kosata-na-pravilen-nacin-1

Во продолжение прочитајте ги 7-те најчести грешни начини на чешлањето на косата и погледнете како да ги поправите истите:

1. Од коренот до врвот

Овој начин е потполно погрешен, бидејќи на овој начин ги извлекувате влакната од фоликулите, со тоа што ги кинете. Ставете ја четката неколку сантиметри од крајот на косата и започнете со чешлањето, слој по слој.


2. Чешлање на мокра коса

Косата потешко се расчешлува кога е целосно мокра. Оставете ја малку да се исуши, па потоа почнете исчешлајте ја.


3. Кратка четвртеста четка

Кратката четвртеста четка не е најдобриот избор за вашата коса. Наместо тоа употребувајте четка со ретки запци, но пред чешлањето користете спреј за ретка коса, лосион доколку влакното ви е со средна дебелина и крема за густата коса.


4. Предолго чешлање

Заборавете на старите холивудски филмови во кои актерките седат пред огледало и ја чешлаат косата, броејќи до 100. Премногу чешлање може да доведе до кршење на влакното. Затоа повеќе обрнувајте квалитет на четките за чешлање.


5. Погрешна четка

Можеби грешите и при изборот на четката. Избегнувајте да користите четки со синтетички боцки, а наместо тоа употребувајте ги оние со природни. Природните четки многу подобро ги распоредуваат природните масла на косата.


6. Валкани четки

Како што е потребно повремено да ги исчистите и измиете четките за шминкање, така е потребно да се измие и чешелот за косата. Прво исчистете ги сите влакна од четката, а потоа ставете ја под врела вода. Можете да употребите сапун или шампон, а откога добро ќе измиете, оставете ја пешкир да се исуши.


7. Статички електрицитет

Честото четкање на косата може да доведе до појава на статички електрицитет. Затоа пред да ја чешлате, со мокри прсти поминете низ косата. Или можете да ставите малку масло за коса на прстите и на тој начин ќе го смирите електрицитетот. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава