Знаете ли кој витамин е клучен за младоликост?

Нема некој што не би сакал да го задржи младешкиот изглед најдолго што може. Магично стапче кое целосно ќе го запре стареењето сè уште не постои, но има нешто што најмногу влијае.

znaete-li-koj-vitamin-e-klucen-za-mladolikost-01

Ако се прашувате кој е клучниот еликсир на младоликоста, тоа е витаминот Ц.

Со редовното внесување витамин Ц во организмот го чувате своето здравје, се штитите од инфекции и воспаленија, а со тоа го одржувате и младешкиот изглед.

Стручњаците објаснуваат дека со витаминот Ц спречувате појава на знаци на стареење предизвикани од влијанието на слободните радикали.

Коса

Витаминот Ц е најефикасен нутриент за растот на косата. Аксорбинската киселина го потпомага создавањето колаген кој е одговорен за растот на косата. Сепак, најважно е тоа што косата се одржува јака и здрава.


Нокти

Витаминот Ц ја одржува кожата затегната, ги храни поврзувачките ткива и коските, а со самото тоа ги одржува ноктите поздрави. Ако ноктите ви растат забавено ви се препорачува да го зголемите внесувањето на витамин Ц. Јадете и пијте повеќе портокал, но и друго разновидно овошје и зеленчук.


Кожа

Овој витамин ја прави кожата здрава и убава. Ја регулира продукцијата на себум и се бори против слободните радикали кои го забрзуваат процесот на стареење. Исто така, го спречува создавањето на т.н. старечки пеги, ги зајакнува капиларите, го одложува проширувањето на вените и крварењето на вилицата. Докажано е дека зрелите жени кои целиот живот внесуваат многу витамини, имаат малку брчки и немаат проблем со сува кожа.

znaete-li-koj-vitamin-e-klucen-za-mladolikost-1

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава