6 фризерски совети кои ќе го спречат виткањето на косата

Влагата во воздухот не е единствениот непријател на витканата коса. Во текот на есента и зимата посебно треба да внимавате и во загреаните простории кои го сушат влакното и неочекувано ги обликуваат локните.

6-frizerski-soveti-koi-ke-go-sprecat-vitkanjeto-na-kosata-01.jpg

За да ја спречите оваа здодевна појава, послужете се со неколку фризерски трикови:

1. Користете шампон со глицерин

Шампонот кој не содржи сулфати, а е богат со глицерин е најдобриот пријател на девојките кои сакаат да ги скротат локните и непослушните прамени. Овие шампони длабински ја негуваат и хидрираат косата, а бонус додаток е што глицеринот создава заштитен слој над влакното.


2. Не го заборавајте регенераторот

Тајната на рамната коса лежи во влажноста на влакното, затоа не го заборавајте регенераторот кој би требало да биде богат со глицерин и шеа путер. Ако се плашите дека тој ќе го спласне волуменот, нанесете го само на долната половина од косата.


3. Користете маски почесто

Подарете и на косата дополнителна нега со помош на маски кои содржат протеини со свила и билки кои го хранат влакното. Потребно е да ги користите еднаш неделно.


4. Сушете ја косата природно

Пуштете ја косата да се исуши по природен пат, околу 90%, пред да посегнете по фенот. Топлиот воздух ја впива целата влажност на влакното и го предизвикува виткањето.


5. Скротете ги локните со коњско опавче

Практикувајте ги високите коњски опавчиња кои ќе ги скротат локните и ќе го затегнат влакното. Дури и по пуштањето на опавчето, косата ќе изгледа измазнета.


6. Третирајте ја косата пред вежбање

Употребете ги омилените производи пред да одите во теретана, односно паметно би било да нанесете серум или балсам кој не се измива. Вежбањето предизвикува пот која содржи соли и дополнително го суши влакното, што понатаму завршува со неговото виткање.


Имате некој трик кој секојдневно го користите?

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава