10 совети за шминкање кои ќе го нагласат вашиот сексапил

Вкусот поврзан со начинот на шминкање се разликува од жена до жена, затоа што секоја треба да процени што ѝ прилега најдобро.

10-soveti-za-sminkanje-koi-ke-go-naglasat-vasiot-seksapil-01.jpg

Но, ако не сте сигурни што точно го истакнува вашиот сексапил или само сакате да си поиграте со изгледот, послушајте ги овие 10 трикови и совети:

1. Наместо црвен кармин на усните ставете бледо розов или во боја слична на природната. Ставете малку сјај или лабело, за усните да ви изгледаат многу понежно и поженствено.

2. Ако имате отворено деколте нанесете крема која има сјај. Целта е вашата кожа да добие суптилен сјај, а не да светкате како диско топка. Ако имате отворени раменици или грб, не ги заборавајте и нив.

3. Кога нанесувате маскара, нанесете уште еден слој само на надворешниот агол од окото. Очите ќе ви изгледаат поубаво и сензуално.

4. Одберете суптилни „зачадени очи“ во тонови кои најдобро се сложуваат со вашите очи, наместо црни. Во овој случај заборавете на црвениот кармин и ставете неутрален сјај.

5. За секси изглед на вашите јаболкници користете кремасти руменила кои ќе ѝ дадат природен сјај на кожата.

6. Избегнувајте повеќе слоеви пудра, а наместо тоа користете BB крема, малку коректор и камена пудра на одредени места. Оваа комбинација ќе ги израмни сите неправилности, а сепак ќе изгледате природно.

7. Ако вашата кожа има златен тон, помешајте малку пудра и сенка во боја на шампањ, па нанесете ја смесата на јаболчниците и на внатрешните агли од очите.

8. На горните капаци нанесете линија црн туш со средна дебелина, која ќе ја продолжите неколку милиметри после капаците. Мачкестите очи изгледаат секогаш гламурозно, посебно во комбинација со светли кармини.

9. Ако не можете да му одолеете на црвениот кармин, заборавете на црната сенка. Наместо неа, нанесете 2-3 слоја маскара и руменило во неутрална нијанса.

10. Заборавете на шарените нокти. Нанесете лак во светол, природен тон.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава