Eucerin Volume - Filler: За младешки изглед и по 40-тата година

Напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареење на кожата.

eucerin-volume-filler-za-mladeski-izgled-i-po-40ta-godina-01.jpg

По 40-тата година способноста на клетките на кожата за регенерација значително се намалува и кај повеќето од жените се забележуваат првите посериозни знаци на стареење, како опуштена кожа, брчки, намалена еластичност, загуба на волуменот и контурите.

Работните и семејните обврски, грижата за децата, стресното секојдневие, влијаат со текот на годините да имаме се помалку време за себе. Притоа најчесто забораваме на негата на сопственото лице.

Од друга страна пак надворешните фактори како диети, неправилна и нередовна исхрана, стрес, надворешни загадувања и штетното влијание на сонцето се немилосрдни и негативно влијаат на квалитетот на нашата кожа, на која и е потребна дополнителна нега.

Поттикнати од овие потреби на жените, особено на оние над 40-тата година, а како резултат на неколку годишни истражувања,  иновативните научници и дерматолози од Баерсдорф ја создадоа Eucerin Volume-Filler колекцијата - напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареењето на кожата.

Eucerin Volume-Filler содржи три состојки кои делуваат ефикасно против факторите кои причинуваат кожата да ја губи својата еластичност, форма и волумен.

Делува на сите слоеви на кожата, регенерира, правејќи ја кожата мека и еластична. Високо ефикасната состојка Магнолол го зголемува волуменот на кожата, хијалуронската киселина ефикасно ги полни брчките одвнатре кон надвор, додека олигопептидите ја стимулираат синтезата на колаген. Содржи и СПФ 15 заштитен фактор и УВА филтер кој штити од штетните сончеви зраци.

eucerin-volume-filler-za-mladeski-izgled-i-po-40ta-godina-02.jpg

Производите се без парабени и додатоци за боја, со напреден заштитен систем што ги прави едноставни за користење и истовремено особено ефикасни. Клиничките тестирања докажаа дека кожата одлично ги поднесува.

Новата линија се состои од дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа  и крем за околу очите, обезбедувајќи и на кожата потполна нега и заштита во текот на целиот ден. Како и најновиот Eucerin Volume-Filler концентрат кој е со висока концентрација на магнолол, олигопептиди и хијалуронска киселина-овозможувајќи подмладени и редефинирани лицеви контури.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава