Зимски проблеми за убавина и брзи решенија

За разлика од летниот период кога сè е послободно и поспонтано, па како и да ни изгледа косата може да делува симпатично или ако немаме шминка на лицето под сонцето е само поприродно, во зима сè е малку потешко.

zimski-problemi-za-ubavina-i-brzi-resenija-01.jpg

Ограничени сме во однос на изгледот, но и условени од многу фактори. Ветрот ни ја суши кожата, ни ја мрси косата, студот ни ги поцрвенува образите и носот, шминката мора да е подобра за да ги скриеме сите недостатоци...

Сепак, постојат 4 типични и најчести зимски проблеми и 4 брзи решенија за нив:

1. Електрицитет на косата

- Кога ќе ја извадите капата косата ви лета на сите страни?

Решение: Пред да излезете од дома, на дланките напрскајте малку лак за коса и поминете низ косата. Така влакната ќе си фатат свое место.


2. Нос кој се лупи

- Настинките тешко се избегнуваат овој период, а со тоа и испуканата кожа околу ноздрите. Затоа треба претходно да сте подготвени.

Решение: Редовно правете пилинг, мачкајте го носот со хранлива крема и користете меки марамчиња. Ако сепак продолжи да ви се лупи кожата, намачкајте ја со подебел слој вазелин додека седите дома.


3. Сива и безживотна кожа

- Кожата ви изгледа суво и уморно?

Решение: Спасот не е во темната пудра или солариумот, туку во хајлајтерот. Нанесете го високо на јаболчниците, под веѓите и во аголот на очите. Ова може да виде вашиот омилен зимски трик за разубавување.


4. Заплеткана коса

- Девојките со долги коси знаат каков проблем може да настане поради зимските додатоци како капи, шалови.

Решение: Набавете регенератор за суво нанесување или спреј за расчешлување, а кога можете косата собирајте ја во висок кок, пунџа или плетенки.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава