Спа ритуал во вашиот дом: Жената е најубава после сауната

Во земјите со постудена клима потењето во жешка кабина, а потоа валкањето во снегот е традиционален начин на одржување на здравјето и убавината. Погледнете како во својот дом можете да креирате сопствена сауна, која е чувар на женската убавина...

spa-ritual-vo-vasiot-dom-zenata-e-najubava-posle-saunata-1

Ако им завидувате на Финците кои поседуваат сопствени сауни, тогаш погледнете како во својот дом да ги постигнете топло-ладните благодети на сауната.

Ритуалот се состои од 3 чекори:

1. Започнете со жешка купка

Загревањето во сауната или во жешката купка доведува до ширење на крвните жили, со што се зголемува циркулацијата, поради што кожата блеснува за миг. За во домот да добиете сауна, наполнете ја кадата во водата до онаа температура до која можете да издржите. За да се задржи жешката вода во кадата додајте сол за купка и неколку капки етерични масла, по желба. Во кадата останете најмногу половина час, а доколку е потребно повторно топлете ја бањата со нов млаз топла вода. Доколку немате када, можете да ја искористите туш кабината, со тоа што пред да влезете под туш пуштете ја водата неколку минути за да се создаде пареа.

2. Скокнете под студен туш

После сауната потребно е на кратко да се биде во студена бања. Краткото ладење после сауната или жешката купка ќе го шокира организмот, кој бргу ќе ја намали телесната температура. Истовремено, ладниот млаз на вода ќе ги исчисти токсините кои преку потта се излачиле од нашето тело. Сигурно ќе ви изгледа тешко, но под ладната вода седете колку што можете повеќе, барем до 3 минути.

3. Време за одмор

После туширањето со студена вода, легнете во кревет на 20 минутен одмор. Напијте се чаша чај или вода за да ја надоместите изгубената течност во телото. Овој топло-ладен ритуал правете го редновно, еднаш до  двапати неделно, со цел вашето здравје да се подобри и вашата кожа да биде нежна, мека и свилена.

На што морате да внимавате?

- Одењето на сауна е забрането доколку сте во прва фаза на настинка или грип, доколку имате воспаление на вените или внатрешните органи, доколку боледувате од ревматски заболувања, епилепсија или тешки срцеви заболувања, ако имате висок притисок, намалена функција на бубрезите или белодробни заболувања.

- Кога станува збор за бремените жени, користењето на сауна се сугерира после 12-тата недела од бременоста, но пред тоа морате да се консултирате со својот гинеколог.

- Исто така, не е препорачливо да се влегува или во случајов прави сауна доколку сте гладни, а ниту пак прејадени. Најдобро е сауната да ја правите сити и одморени. 

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg