Како да направите сами лабело за усни од ванила?

Добро знаете дека студот е најголем непријател на вашите усни. Поради тоа треба да превземете сè што можете за да го спречите нивното испукнување со употреба на лабело кое може и самите да го приготвите во домашни услови.

kako-da-napravite-sami-labelo-za-usni-od-vanila-1

Како сами да направите лабело за само еден час и со минимален трошок?

Набавете вазелин и ставете неколку лажички во чинија, зависно од тоа колкава количина сакате да направите и топете го во микробрановата печка 30 секунди.

Доколку сè уште вазелинот е тврд откако ќе го извадите ставете го повторно на 30 секунди да се истопи целосно.

Откако ќе добие на течност, ставете екстракт од ванила кој може да го најдете во секој поголем супер маркет, или аптека.

Капнете максимум 10 капки и на целата таа смеса додајте му супена лажичка мед кој ќе му даде сјај на вашето лабело.

Доколку не сакате да го вметнете медот, прескокнете го овој чекор, вашето лабело секако ќе им даде сјај на усните, но сепак не толку интензивен.

Мешајте ја смесата неколку минути и ставете ја во веќе испразнета опаковка од лабело, или кутивче од крем за лице.

Оставете ја смесата да се стврдне еден час во ладилникот и потоа пробајте го вашето ново лабело од ванила кое добро ќе му дојде на вашите усни!

Доколку не обожавате ванила, може да додадете било каков екстракт по ваша желба.

kako-da-napravite-sami-labelo-za-usni-od-vanila-3

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...

Најчитани неделава