Најчести заблуди поврзани со нега за косата: Косата паѓа од шампонот, брзо расте со шишање...

Погледнете кои се најчестите митови поврзани со нега за косата и сигурно ќе успеете да ја постигнете целта на скоро секоја жена, а тоа е: коса како од рекламите...

najcesti-zabludi-povrzani-so-nega-na-kosata-1

Без разлика на фризурата, сигурно има денови кога не можете да се изборите со косата, а најголеми виновници можат да бидат токму овие заблуди:


„Косата од шишање побрзо расте”

Шишањето нема никакво влијание врз тоа колку брзо ќе ви расте косата. Оштетените краеви се крути и лесно кршливи, а кога ги кратите редовно косата изгледа пополно, но сепак расте еднакво брзо без разлика на шишањето.


„Косата паѓа од шампонот”

Косата ни паѓа додека сме под туш, но тоа нема никаква врска со шампоните и маските кои ги користите, туку со фактот што во текот на миењето механички од нас извлекуваме по некое влакно коса.


„Колку повеќе се чешлате, толку е поздрава косата”

Можеби некогаш сте чуле за советот дека секоја ноќ треба 100 пати да поминете со четката низ косата. Тоа не е точно и немојте да го правите. Премногу четкање ја крши косата, затоа оставете ја на мира.


„Фарбањето ја оштетува косата”

Фарбањето секако е агресивен третман кој може да ја оштети косата ако не се прави како што треба, затоа тоа треба да го оставите на вашиот фризер. Ако при фарбањето користите квалитетни фарби, тогаш тоа е во ред.


„Косата ќе зајакне ако ги користите препаратите кои
ѝ одговараат”

Косата ќе зајакне единствено ако се храните здраво и ако внесувате доволно хранливи материи, пред сѐ протеини и здрави масти, но и витамин Д.


„Капите и шеширите предизвикуваат ќелавење”

Ни ова не е точно. Ќелавоста кај мажите е последица на генетика, а и секако губењето на коса е резултат на високо ниво на стрес. Но, често капите и шеширите ги поврзуваме со ќелавоста, бидејќи луѓето кои ја губат косата ги носат, со цел да го прикријат тоа. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава