3 зимски гревови заради кои ви се појавува целулит

Навиките кои ги имате во текот на студените денови се најголемите виновници за појавата или зголемувањето на целулитот. Затоа, погледнете на кој начин можете да ги ублажите последиците од зимскиот грев.

3-zimski-grevovi-zaradi-koi-vi-se-pojavuva-celulit-1

Идеални услови за создавање на целулит се долготрајното седење, намалената телесна активност, тесната облека и мрсната храна, како и храната богата со шеќер.

Погледнете кои навики мора да ги отфрлите со цел навреме да се спасите од целулитот:

1. Тесна облека

Причината за појава на целулит е слабата циркулација, а истата ослабува поради тесните фармерки кои секојдневно ги носиме. Затоа понекогаш е подобро да се одлучите за меки хеланки со туника или растегливи панталони, кои нема да ве стегаат. Во текот на зимата, добро е секојдневно на овој дел од телото да се масирате со помош на масло кое самите можете да го направите. Во некое базно масло (маслиново, сусамово) додајте неколку капки етерично масло од лимон или рузмарин и масирајте ги критичните подрачја.


2. Лоша исхрана

Консумирањето на исхрана богата со високо калорични масни и слатки намирници е уште е еден причинител за создавање на целулитот. Во намирниците кои се препорачуваат за консумирање спаѓаат следниве: безмасно месо, риба, свежо сирење, овошје, зеленчук и мед.

За да го смалите лошото влијание на храната која често се консумира во текот на зимата, пијте повеќе вода и консумирајте свежо овошје и зеленчук.


3. Недоволно движење

Во текот на зимата сите сме повеќе затворени во своите домови, а токму недостатокот од физички активности доведува до лоша циркулација и секако појава на целулит. Затоа пожелно е да се обидувате колку што можете повеќе да пешачите, да користите скали наместо лифт и дневно да правите барем неколку вежби. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава