Совршена маска за лице според вашиот вид на кожа

Во текот студените месеци на кожата и е потребна интензивна нега поради ниските температури, греењето и некои други фактори, заради кои се намалува влагата на кожата.

sovrsena-maska-za-lice-za-vasiot-vid-na-koza-1

Па, затоа е најдобро еднаш неделно кожата да се потхрани со маска која ќе ја обнови и ќе ја направи сјајна.


Маската се одбира според видот на кожата!

Маската како и кремата за лице треба да се одбере според типот на кожата. Маската не треба веднаш да се нанесе на лицето, туку се нанесува мал слој на подлактницата. Доколку не се појави црвенило или некоја друга реакција, дури тогаш маската може да се нанесе на лицето.


Маска за сува кожа

На сувата кожа не се препорачува маска на база на глина, сулфур или со екстракт од лимон. Најдобри се маските кои содржат масло од кајсија, масло од јојоба, глицерин и шеа путер бидејќи ја хидрираат кожата.


Маски за масна кожа

Најдобри за мрсна кожа се маските кои содржат морска сол, лековита кал и глина.

sovrsena-maska-za-lice-za-vasiot-vid-na-koza-2

Маска за чувствителна кожа

За оние кои имаат чувствителна кожа, маската треба внимателно да ја одбираат. На овој тип на кожа и одговара камилицата, краставицата и моќната алое вера.


Маска за мешана кожа

На мешовитиот тип на кожа и одговараат маските кои ги чистат мртвите клетки од кожата. Најдобар избор се маските кои хидрираат и содржат ниска концентрација на киселини. Можете да одберете комбинација од бадемово масло и млечни киселини, кои не предизвикуваат иритација. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава