Ова се продуктите кои ќе ја направат вашата кожа совршена!

Тајната на совршената кожа на лицето и телото е конечно откриена. Се однесува на храната која ја јадеме бидејќи знаете дека сè што внесуваме внатре во организмот излегува на површина веднаш.

ova-se-produktite-koi-ke-ja-napravat-vasata-koza-sovrsena-3

Разубавете ја вашата површина на телото и лицето со помош на овие продукти кои ќе започнете да ги внесувате во организмот уште денес.

Ленено семе

Богато е со омега 3 масни киселини и ја заштитува кожата од појава на флеки и брчки, а може да го комбинирате со овес и млеко што ќе допридонесе до намалување на црвенилото на кожата и зголемување на нејзината мекост.


Виолетово или сино овошје

Како на пример капините или сливите. Верувале или не, тие се богати со антиоксиданси кои помагаат вашата кожа да остане витална и еластична.


Сончоглед

Звучи чудно, но вистинито бидејќи сончогледот е добар за изгледот на вашата кожа како на лицето така и на телото, со тоа што содржи витамин Е кој ја штити кожата од ултравиолетовите зраци на сонцето во секое време од годината.


Чоколадо

Сите зависници од чоколадо може да продолжат со негово консумирање и да не се грижат од појавата на митесери, како што кажуваат заблудите за чоколадото, дека истите се добиваат од него. Со консумирање на темна чоколада секој ден кожата станува поблескава и помека.


Компир

Богат со витамин А и Ц, компирот ќе ја одржи вашата кожа здрава и ќе го поттикне лачењето на колаген потребно за одржување на нејзината еластичност и природна боја. Исто така, спречува и појавување на рак на кожа со помош на витаминот А во себе кој делува како антиоксиданс врз кожата.


Домати

Иако некои заблуди слично како за чоколадото кажуваат дека доматите може да предизвикаат појава на митесери, повторно тоа не е точно. Доматите се добри за пигментација на кожата и нејзина хидратација во секој случај.


Јогурт

Содржи протеини кои се добри во пополнување на празнините на кожата настанати од смеење или гримаси, како и за природно стареење на кожата кое може да се одложи со негова консумација.


Црвена пиперка

Повторно чудно и необично, но вистинито, црвената пиперка содржи 100% од витаминот Ц кој на вашата кожа му е и повеќе потребен во текот на денот за да се одржува младоликоста и затегнатоста на кожата на природен начин без ботокс и пластични операции.


Лосос

Доста богат со витамин Д кој помага во спречување и лечење на многу болести во организмот како што се анксиозност, депресија, рак на дебело црево и срцеви заболувања, а што се однесува до кожата ја хидратизира внатрешно и надворешно и спречува појава на митесери, воспаленија и брчки. Исто така добар е и за одржување на вашиот скалп, што допридонесува да имате здраво и цврсто влакно на косата.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава