Нега на коса: 6 работи кои Французинките ги избегнуваат

Французинките од секогаш претставуваат идоли на жените ширум светот, а овој пат тие ги откриваат своите тајни поврзани со нега на косата.

nega-na-kosa-6-rab-koi-francuzinkite-gi-izbegnuvaat-1

Општо е познато дека жените од Франција не поминуваат со часови пред огледалото, но сепак изгледаат совршено.

Еве во што е нивната тајна:

1. Французинките никогаш не ја бојадисуваат косата

Избегнувајте да ја бојадисувате косата, а доколку веќе тоа го правите бојадисувајте ја во малку посветла или потемна нијанса од вашата природна боја на коса. Според Французинките, бојадисувањето доаѓа во обѕир единствено кога ќе ви се појават бели влакна.

2. Французинките никогаш не ја сушат косата со фен

Французинките препорачуваат во лето косата да ја сушите по природен пат, а во текот на студените денови да ја замотате во пешкир, а потоа да ја оставите сама да се исуши.

3. Французинките никогаш не ја мијат косата секој ден

Воопшто не е здраво, а ниту препорачливо да ја миете косата секој ден. Затоа задолжително направете пауза од 3 или 4 дена помеѓу миењата.

4. Французинките никогаш не користат аксесоари за коса

Кратка, долга, разбушавена, виткана или права без разлика каква е, оставете ја косата да биде слободна. Без венчиња, шноли, ластици, круни или што и да е.

5. Французинките никогаш не излегуваат од дома со мокра коса

Наместо да излегувате со полу водена коса, подобро преспијте така, бидејќи следниот ден ќе добиете интересен облик и волумен.

6. Французинките никогаш не излегуваат од дома без да ја намирисаат косата

Малку парфем на вашата коса нема воопшто да ви наштети. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава