Средување на веѓите: Што да правите, а што да избегнувате?

Кога се работи за веѓите, голем број на жени лутаат и претеруваат со чупањето, до толку што веѓите понекогаш подобро им изгледаат природни отколку средени.

sreduvanje-na-vegite-sto-da-pravite-a-sto-da-izbegnuvate-01.jpg

За и вие да не погрешите, почитувајте ги овие правила:

1. Изразете ги веѓите

Негувајте ги и чупајте ги колку да се уредни. Не претерувајте со истенчувањето, цртањето веќе одамна не е во мода.


2. Но, не ги запоставувајте

Дебелите веѓи не се исто што и неуредните. Одржувајте ја формата затоа што дури и кога не носите шминка, веѓите му даваат дефиниција на вешиот лик.


3. Потрудете се да се во иста боја со косата

Ако се офарбате, купете моливче за веѓи во истата нијанса како косата.


4. Внимавајте веѓите да не ви бидат потемни

Ако веќе не можете да ја пронајдете вистинската нијанса, купете го посветлото моливче. Никогаш не дозволувајте да бидете бринета со црни веѓи.


5. Оддалечете се од огледалото

Кога нанесувате моливче на веѓите, стојте подалеку. Така најлесно ќе воочите дали некој дел сте прескокнале или некаде сте претерале.


6. Не се опседнувајте со симетрија

Никогаш не се обидувајте да ги направите исти, затоа што веќе во следната секунда може да претерате, а после нема назад.


7. Не ги избелувајте веѓите

Ќе изгледате чудно и болно.


8. Чупајте се по туширање

Земете ја пинцетата додека порите сè уште се отворени.


9. Не го копирајте изгледот на туѓите веѓи

Бирајте го обликот според лицето, не според тоа какви веѓи има вашата миленичка. Резултатот може да биде трагичен.

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава