Во училиште ја викале грдата Бети. Откако пораснала, била прогласена за мис (фото)

Марија Петроу е 21-годишна девојка која низ целото школување била жртва на вербално насилство заради изгледот. Грдата Бети бил нејзиниот основен прекар.

vo-uciliste-ja-vikale-grdata-beti-otkako-porasnala-samo-im-se-nasmeala-foto-01.jpg

Мариа отсекогаш сакала да учи, па во училиште спаѓала во групата на бубалици кои не се грижеле за својот изглед.

Но, откако пораснала и создала кариера како фотомодел и била избрана за Мис на Ковентри, само им се насмевнала на соучениците.

- Денес никој не ми верува какви трауми преживував како помала. Тоа беше еден многу тажен период од мојот живот кога се чувствував страшно осамено, раскажува младата Мариа.

- Ме викаа Шиљо и грдата Бети и имав голем проблем да си најдам пријатели. Кога малку потпораснав почнав редовно да вежбам и го променив начинот на исхрана. Другарката ми велеше дека би требало да се пријавам на изборот за мис, па така и направив.

vo-uciliste-ja-vikale-grdata-beti-otkako-porasnala-samo-im-se-nasmeala-foto-02.jpg

Со својата приказна Мариа би сакала да им помогне на девојките и момчињата кои се во слична ситуација како нејзината.

- Се пријавив на изборот за да им докажам дека грешат и дека секој е убав на свој начин. Иако звучи како веќе слушната фраза, убавината навистина доаѓа однатре. Навистина е важно каков човек сте.

Би можело да ве интересира:

Која убавица ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2025? Мајка ѝ беше Мис на Македонија во 1... „Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на Miss Universe 2...
Руса коса е хит во пролет 2026 - Со кои нијанси и фризури да го освежите изгледот оваа сезона? На врвот на листата кај фризерите е медовата руса нијанса, но и златно-руса во к...
6 варијанти на боб фризура кои се хит периодов (и подмладуваат) Рамен боб со патец на страна или француски боб ако сакате да експериментирате. ...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава