Брзо и ефикасно: Отстранете ги стриите со овие етерични масла

Стриите се еден од најчестите козметички проблеми со кои се соочуваат жените, а настануваат поради брзото растегнување на кожата.

brzo-i-efikasno-otstranete-gi-striite-so-prirodni-masla-001

Го зафаќаат длабокиот слој на поврзувачкото ткиво, па кожата веќе не е во состојба да се врати во првобитниот облик.

Најчесто се појавуваат во пределот на надлактицата, долниот дел на грбот, над колената, на стомакот, бедрата или градите.

Постојат најразлични скапи препарати и третмани кои нудат решение, но сепак најефикасни се природните ладно цедени масла како маслиново или кокосово кои во исто време ја хидрираат и затегнуваат кожата, а со тоа ги прават помалку видливи лузните.

Ист ефект може да постигнете и со маслото од рузмарин или бадем со кое ќе ја масирате оштетената кожа околу 15-20 минути секој ден.

brzo-i-efikasno-otstranete-gi-striite-so-prirodni-masla-01.jpg

Етеричното масло од рузмарин помага за кожата да се тонира и да биде сува, а редовната употреба може да ѝ даде посебен сјај.

Бадемовото масло одговара скоро на сите типови кожа, ја ублажува иритацијата, ја хидрира кожата и содржи витамини A, B и Е кои ја хранат кожата.

Маслото од пченични зрна содржи витамин Е кој е природен антиоксиданс, па длабински ја храни и регенерира кожата.

Уште подобро дејство ќе има ако се помеша со ружино масло, бидејќи латиците на ружата содржат есенцијално масло кое го намалува црвенилото и иритацијата на кожата. Со оваа комбинација масирајте ги проблематичните предели двапати неделно.

brzo-i-efikasno-otstranete-gi-striite-so-prirodni-masla-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава