Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детоксикација на косата: Како да ја измиете без да користите шампон?

Дали и на вас косата ви се масти на секои 2 дена, па морате пречесто да ја миете? Или можеби патите од сув скалп и првут? Веројатно не знаевте дека овие пореметувања на кожата на главата се случуваат заради хемикалиите од шампонот.

detoksikacija-na-kosata-kako-da-ja-izmiete-bez-da-koristite-sampon-01.jpg

Нормално е нашето теме да произведува и лачи природни масти, бидејќи на тој начин се брани од разни инфекции и непријатни појави. Но, голем број на шампони го сушат скалпот и го поттикнуваат дополнително да лачи маснотии за да се заштити.

Пробајте 2 недели да направите детоксикација на косата и кожата на главата, па сами ќе се уверите во овие факти.

Мијте ја косата без штетните хемикалии кои ги содржи шампонот.

Како да го изведете тоа?

Добро намокрете ја косата. Ставете 1 лажица сода бикарбона во раката и измасирајте го скалпот темелно. Оставете да отстои 2-3 минути. Темелно исплакнете.

Следниот чекор е јаболков оцет растворен во вода. Но, пред да преминете на овој чекор погрижете се на косата да немате ниту една трошка сода бикарбона, затоа што во спротивно мешавината ќе почне да се пени.

Помешајте 2 лажици оцет со 1 чаша вода. Прскајте или прелијте ја косата, а темето може да го изоставите. Важно е да се фокусирате на врвовите. Потоа исплакнете темелно.

detoksikacija-na-kosata-kako-da-ja-izmiete-bez-da-koristite-sampon-02.jpg

Повторувајте ја постапката неколку пати неделно.

Не грижете се дека ќе мирисате на оцет, затоа што тој испарува по 10-тина минути.

Овој микс не и штети на фарбаната коса, ниту на тенките и суви влакна.

Би можело да ве интересира:

Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg