Цигарида: Купениот „розов“ производ е материјален доказ дека сте биле хумани барем за миг!

Компанијата AVON во своето портфолио вбројува и производи наменети за добротворни цели, чиј профит целосно оди во хуманитарните кампањи за борба против ракот на дојка и семејното насилство. По успешната кампања во Македонија под мотото „Засвети розово“ чија цел беше да се подигне свесноста за ракот на дојка, AVON истовремено за својата продажна структура најави и дека оној кој во период од 12 месеци ќе оствари најголема продажба на добротворните „розови“ ќе се здобие со престижната титула „Амбасадор на хуманоста“. Од компанијата велат дека оваа иницијатива е со цел да се поттикнат луѓето на поголема солидарност со жените кои боледуваат од ракот на дојка, а на својата последна Национална конференција AVON и го прогласи својот хуман амбасадор.

cigarida-kupeniot-rozov-proizvod-e-materijalen-dokaz-deka-ste-bile-humani-barem-za-mig-1.jpg

Пред сè, како Амбасадор на хуманоста, што за тебе претставува оваа титула?

МЦ: Досега сум добила највисоки награди и признанија за мојата работа, за различни категории и параметри кои го оценуваат нашиот професионален опус. Сепак, да бидам искрена, оваа награда ми е најдрага, затоа што го засега моето лично ангажирање во овој сегмент – борба против рак на дојка.


Титулата е врз основа на остварена најголема продажбата на производите со розова панделка во период од Кампања 17 2013 до Кампања 17 2014. Дали твојата продажба е токму поради здобивање на оваа титула, дали можеби те мотивираше наградата, или пак се работи за нешто друго?

МЦ: Во моите лични нарачки, секогаш се наоѓаат и производи од категоријата „розова панделка“. После објавувањето на веста дека AVON ќе промовира „Амбасадор на хуманост“ мојата заложба за продажба на овие производи беше дополнително катализирана и засилена, бидејќи и лично посакував да се здобијам со таа титула која ќе ми овозможи јавно да проговорам за оваа чувствителна тема, за превентива и мерки на лекување, како и да ја промовирам најблагородната мисија; на нашата компанија – Хуманитарна поддршка за таргетираната група на заболени, но и за истражување во борбата против ракот на дојка како најраширена болест на денешницата кај жените во Македонија и светот, општо.


Што за тебе претставува најголема мотивација да продаваш производи за добротворни цели? Дали можеби имаш некоја лична причина?

МЦ: Солидарноста и хуманоста можат да се поттикнат, но најважно од сè е секој од нас да ги носи во себе во вид на карактерна особина или внатрешен порив да се помогне некому кој е во неволја. Верувам, дека оние кои доживеале лично искуство или преку некој близок, повеќе се ангажираат затоа што ја знаат моќта и потребата од помош во такви ислучителни ситуации. Досега, сведоци сме дека луѓето во Македонија се навистина солидарни и најчесто донираат средства преку СМС пораки. Мојата цел е да ги мотивирам сите наши клиенти да донираат преку купување на „производите со РОЗОВА панделка“, бидејќи купениот производ (шолја со лого, приврзок, огрлица, налепници и сл.) е материјален доказ кој пред себе ќе ви биде симбол дека сте помогнале некому. Кога наутро пиете кафе или чај во Вашата „розова шолја“ си го негувате чувството на лична сатисфакција дека сте придонеле и сте биле хумани за миг! Непроценливо!


Сметаш ли дека
AVON како компанија прави доволно за здравјето и благосостојбата на жените? Што според тебе ја прави AVON општествено одговорна компанија?

МЦ: Моето речиси 10-годишно работно искуство со AVON, поминало низ сите фази: презадоволен клиент, претставник, лидер и регионален менаџер. За сите периоди – континуирано сум ја имала перцепцијата дека работам за компанија која се труди да ги профилира потребите на жените и да им помогне да бидат самостојни, со поголема самодоверба и директно да ги катапултира рамо до рамо во бизнис светот, за кој сè уште важи непишаното правило дека им припаѓа на мажите. Жените кои работат во AVON и се носители на големи функции, позиции и титули го допираат и социјалниот феномен за успешна професионална дама, сопруга и мајка - истовремено. Дополнителните ангажмани и заложби на нашата компанија во борба за еколошки здрава зелена околина, во борба против семејното насилство и пред сè во борба против рак на дојка, се уште една позитивна страна која оди во прилог на имиџот за општествено одговорна компанија, што е вистинска реткост.

cigarida-kupeniot-rozov-proizvod-e-materijalen-dokaz-deka-ste-bile-humani-barem-za-mig-2.jpg

Случајно се совпадна Амбасадорот на хуманоста на AVON истовремено да биде и Зонален Менаџер. Дали на твојот тим ја пренесуваш хуманата порака на AVON и што правиш да ги мотивираш твоите координатори?

МЦ: Можеби е случајност, но тимовите најчесто прилегаат на нивните лидери, на зоналните манеџери. Досега, во нашата зона, се промовирани голем број на хуманитарни акции за потпомагање на осетливата група на заболени пациенти/ки од рак на дојка. Исто така, групно како тим, сме посетиле предавања на здружението „БОРКА“, со цел и самите лидери да дознаат нешто повеќе на оваа тема и да бидат информирани. Главната алатка ни останува продажбата на производите со розова панделка, со цел донираните средства да отидат на вистинското место. Сепак, секојдневно, се залагам да генерирам свесност кај координаторите дека не само по потреба, туку СЕКОГАШ да бидат хумани! Дополнително одвоените средства на клиентот од 100-500 денари за некој „розов производ“ на некому можат многу да значат! Затоа, при одржување на сите средби според стандардот на AVON имаме имплементирани информации во врска со Мисијата на AVON во борба против рак на дојка. Важно е да се знае, но уште поважно е да се каскадира информацијата до сите наши клиенти и претставници! Да се шири гласот насекаде!


Сметаш ли дека лично правиш доволно во борбата против ракот на дојка?

МЦ: Јас имам поттик секогаш да правам повеќе и повеќе во врска со борбата против рак на дојка. Со оглед дека имам и личен аспект и доживување по ова прашање – мислам дека никогаш нема да престанам да се борам за излекување и надминување на оваа болест! Во нашата фамилијарна историја и анамнеза сме имале случаи кои за среќа имаат успешен и среќен исход. Сознанието е дека оваа болест, иако има возрасни ограничувања и ризични категории, сепак е непредвидлива и секој може да биде засегнат. Затоа можам да потврдам дека токму тоа од мене направи похрабар човек кој е решен да биде гласник и промотер во борбата против рак на дојка!


Како Амбасадор на хуманоста во борбата против ракот на дојка, што би порачала на останатите
AVON Претставници, но и на луѓето воопшто? Пред сè, дали и понатаму ќе продолжиш во оваа добротворна мисија?

МЦ: Мојот апел до сите е пред сè да почнат повеќе да се информираат за појавата и зачестеноста на оваа болест и исто така за тоа што AVON досега го има направено во светски рамки во оваа област – БОРБА ПРОТИВ РАК НА ДОЈКА. Конкретно за Претставниците, мислам дека чувството дека работат за ваква компанија ќе ги направи горди и ќе ги поттикне да ги мотивираат своите клиенти преку купувањето на „розовите производи“ да се вклучат во нашата хумана мисија во многу поголем одзив од досега. Мојата добротворна мисија, особено сега кога и официјално сум назначена за „Амбасадор на хуманост“, ќе биде еден долгорочен, сериозен проект кој ќе опфаќа многу промотивни настани, медиумска покриеност преку гостувања на ТВ, радио, магазини и сл., со цел да се вклучат повеќе луѓе, пред сè нашите клиенти и претставници. Да го оправдаме нашето мото и лого  – да бидеме компанија НЕ само за ЖЕНИ, туку компанија за СРЕЌНИ И ЗДРАВИ ЖЕНИ!

Би можело да ве интересира:

Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
18 жени кои целосно се трансформираа откако ја сменија фризурата (фото) Дали сте од оние жени кои често ја менуваат фризурата и бојата на косата, или по...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg