3 Причини за појава на подочници кои немаат врска со недостатокот на сон

Иако со шминка лесно се сокриваат, сепак подочниците претставуваат вистински кошмар за секого...

3-pricini-za-pojava-na-podocnici-koi-nemaat-vrska-so-nedostatokot-na-son-1

Но, освен недостатокот од сон, врз нивната појава влијаат и овие најизразени 3 причини:

1. Сезонски алергии

3-pricini-za-pojava-na-podocnici-koi-nemaat-vrska-so-nedostatokot-na-son-2

Константното затнување на дишните патишта, првенствено на носот, можат да влијаат негативно врз протокот на крвта до синусите, а со тоа доаѓа и до отекување под очите. Доколку заради алергија ве чеша носот или ви солзат очите, триењето може да ги зголеми отоците на очите. Сличен ефект можат да имаат и козметичките производи, доколку некои од нив ви предизвикуваат алергиска реакција.


2. Егзема

3-pricini-za-pojava-na-podocnici-koi-nemaat-vrska-so-nedostatokot-na-son-3

Темните подочници исто така се и чест симптом на егзема, хронично кожно заболување кое најчесто почнува од детството и предизвикува појава на црвен осип кој чеша. Повторувањето на овие воспаленија може да доведе до потемнување на чувствителниот дел на кожата под очите. Личностите кои се борат со егзема често имаат сува кожа и токму поради недостатокот на хидратација се појавуваат подочниците. Најважно е неколку пати во денот, во пределот под очите, да нанесувате хидратантна крема.


3. Стареење на кожата

3-pricini-za-pojava-na-podocnici-koi-nemaat-vrska-so-nedostatokot-na-son-4

Како што старееме, кожата под очите станува тенка и губи колаген што ја прави проѕирна, а со самото тоа се истакнува видливоста на вените. Кремите кои содржат ретинол можат да го зголемат производството на колаген и така да ги намалат темните подочници. Пред да излезете од дома секогаш нанесувајте креми со заштитен фактор, без разлика на временските услови, бидејќи УВ зраците можат да ја направат кожата потенка. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава