Кралски совети за негувана коса како Кејт Мидлтон
Постојат милион причини заради кои можеме да ѝ бидеме љубоморни на Кејт Мидлтон: таа е висока, слаба, прекрасна и мажена за принц, но постои уште една работа која ја забележуваме кај неа, а тоа е прекрасната коса...
За да имате здрава и негувана коса не е потребно само редовно да ја одржувате, туку и потребно е да погледнете во вашите секојдневни оброци. Доколку не се храните здраво и редовно тоа секако ќе се одрази на вашата коса.
Ова се само мал дел од кралските совети на дамата која е совршена во секој поглед:
1. Најважна е здравата и редовна исхрана и квалитениот сон. Употребата на природните шампони кои исто така се главни „виновници” кои ѝ даваат сјај каков што од секогаш сте посакувале.
2. Ако мислите дека Кејт има убава коса затоа што користи скапа и луксузна козметика, се лажете. Нејзиниот трик се состои во избегнување на силни шампони и употреба на природни намирници кои сигурно ги имате во вашиот дом.
3. Најдобро е на измиена коса да нанесете сок од свежо исцеден лимон. Тоа ќе ѝ даде волумен на вашата коса.
4. Најважно е во текот на летниот период косата да ја заштитите со тоа што ќе употребувате препарати со фактор и ќе носите шешир. Правилото за носење топли капи важи во постудените денови.
5. Сите кои имаат долга коса мораат редовно да ги кратат врвовите. Кејт ги крати врвовите на секои 6 недели за косата да ѝ изгледа здраво. Колку е косата подолга, толку изгледа потенко, па затоа ако сакате долга коса слободно кратете ја, колку и да звучи контрадикторно.
6. Кејт има природно виткана коса, а за да го добие познатиот брановиден изглед на косата таа користи производи кои го отстрануваат електрицитетот. Само така успева да обликува лежерни локни.
Би можело да ве интересира:





