8 Иронични правила за убавина: Косата треба да ја кратиш за да ти расте

Постојано слушаме за најразлични правила за убавина, што да се користи, како да се користи, кој производ е подобар, кој полош.

8-ironicni-pravila-za-ubavina-kosata-treba-da-ja-kratis-za-da-ti-raste-01

Но, ако подобро се размисли за ефектите може да се забележи дека некои од нив се тотално контрадикторни.

1. Скрати ја косата за да ти расте

Колку ви е подолга косата, ако не ја кратите редовно, изгледа суво, оштетено и со испукани врвови. Со секое шишање, влакното заздравува, се обновува и може полесно и побрзо да расте.


2. Колку повеќе ги отстранувате акните, толку полошо правите

Со тоа што ѝ вршите притисок на кожата со стискање за да ја ослободите од некои несакани појави, како акните, и мртвите клетки, ѝ правите полошо и внесувате штетни бактерии.


3. Колку повеќе користите балсам за усни, толку повеќе ви треба

Како што се навлажнуваат усните, така кожата помалку испраќа сигнали до организмот дека се потребни нови свежи клетки. Изумрените остануваат на површината и со балсамот само се залажува организмот за да не произведува нови клетки, усните остануваат суви и имаат поголема потреба за омекнување и навлажнување со балсам.


4. Џабе се фарбате, природната боја најмногу ви одговара

Пробувате најразлични фарби за коса, а на крајот онаа боја која најмногу ви одговара е таа со која сте родени.

Ако не се сеќавате која била точната боја на вашата коса кога сте се родиле, побарајте некоја фотографија од вашата мајка и вратете си ја природната боја.

8-ironicni-pravila-za-ubavina-kosata-treba-da-ja-kratis-za-da-ti-raste-1.jpg

5. Сè што правите за издолжување на трепките може да им наштети или скрати

Маскарата за издолжување е во ред, сè додека не ја ставите во преголема количина, па да не можете да ја измиете и да ги искубете. Но, од преголем притисок со алатката за извиткување, може не сакајќи да ги поткинете или оние кои одат до екстремност со фарбање, може сериозно да си наштетат со опаѓање на трепките или инфекција ан очите.


6. Почнување со третмани против стареење премногу рано

Колку што се смета дека третманите против стареење треба да се прават за да ја заштитите кожата од создавање брчки, толку и е опасно ако почнете премногу рано. Со овие препарати треба да бидете претпазливи и да ги користите од возраста која ја пишува во упатството, сè што е порано може да предизвика истанчување и избледување на кожата, а со тоа и помала заштита од штетните влијанија.


7. Сите производи и трендови кои се рекламираат како нови, веќе постоеле.

Речиси сè е веќе измислено и сигурно е дека состојките и производите кои се користат за да се добие нешто се веќе познати и испробани. Можеби нова е само комбинацијата или пакувањето, производот не е ништо ново.


8. Сакајте си го лицето и телото што ги имате сега, затоа што токму вакви ќе ги барате за 10 години

Тоа е факт, бидејќи колку и да мислите дека може да биде подобро, за 10 години кога ќе бидете малку постари ќе ги сакате барем такви какви што ги имате во овој момент, без ништо дополнително, но нема да може да ги вратите.

8-ironicni-pravila-za-ubavina-kosata-treba-da-ja-kratis-za-da-ti-raste-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава