8 необични употреби на четката за заби

Знаевте ли дека четката за заби, освен за миење на заби, може да се користи на уште многу начини, и особено е практична во секојдневните ритуали за разубавување?

8-neobicni-upotrebi-na-cetkata-za-zabi-01.jpg

Ако знаете како правилно да ја користите, четката за заби ќе стане неизбежен дел од вашата рутина.

Следуваат 8 креативни начини како може да ја користите:

1. За нанесување сув шампон

Шампонот за суво миење на косата е одличен за оние ситуации кога немате доволно време класично да ја измиете косата. Користењето на овој продукт е подобро решение од секојдневното миење на косата. Со пречесто миење можеме да и наштетиме на косата па затоа и се направени шампоните за суво миење кои за миг го собираат вишокот на маст од темето. Четката за заби може да ви биде од голема помош во нанесувањето на сувиот шампон бидејќи со неа лесно може да ја нанесете онаа количина која ви е потребна и рамномерно да ја распоредите по влакната.


2. За раздвојување на трепки

На сите понекогаш ни се случува да ни се направат грутчиња додека нанесуваме маскара. Овие топчиња се многу незгодни зошто тешко се поправаат а ако се обидеме да ги тргнеме со прсти, само ќе ја влошиме ситуацијата. Во овие ситуации четката за заби е одлично решение. Земете стара, убаво испрана и исушена четка за заби и со нејзина помош поправете ги трепките. Сувата четка не само што ќе ги одвои трепките, туку ќе направи да изгледаат поубаво и побујно.


3. За време на маникир

Постојат два начина на кои може да ја искористите четката за заби додека се лакирате. Првиот начин е да ја искористите четката за да ја тргнете нечистотијата од ноктот пред да почнете да го нанесувате лакот за нокти. Другиот начин се однесува на користење на тврдиот дел на четката како алакта за одстранување на кожата околу ноктот.


4. За пилинг на усните

Ако сакате да имате меки, сочни и нежни усни, тогаш потребно е да правите пилинг на усните. Одлична алатка која ќе ви помогне при ова е четката за заби но користете колку што е помека четка за да не ја оштетите чувствителната кожа на усната. За потребите на пилингот четката брцнете ја во вазелин и нежно тријте со кружни движења.


5. За чешлање

Ако имате проблем со заплеткана и непослушна коса, искористете ја четката за заби како чешел за да ги расплеткате замрсените прамени. Можете да ја користите и за тапирање при правење на разни фризури.


6. За веѓи

Ако вашите веѓи понекогаш се непослушни, лесно ќе ги скротите со четка за заби. Со нежно четкање ќе ги израмните непослушните влакненца. Откако ќе ги средите веѓите, можете да ги испрскате со лак за коса за влакната да останат на место. Пред секое користење, четката за заби убаво измијте ја.


7. После депилација

Многу жени имаат проблем со поткожни влакна после депилација а на некои не им помага дури ни пилинг на кожата. Ако имате такви проблеми, нанесете малку пилинг на четката за заби и поминете преку поткожните влакна. Тоа би требало да го реши проблемот.


8. За чистење на козметички продукти

Четките за заби се дизајнирани за чистење, а освен за заби може да ги користиме и во многу други ситуации. Пример, одлична е за чистење на разни козметички производи и алатки, како чешли, четки, фенови... Може да ја користите и сува и мокра, во зависност од тоа што го чистите.

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава