Брчките го откриваат вашиот карактер: Каде имате најмногу брчки и што значи тоа?

Вообичаено брчките се сметаат како знак за стареење. На некои им пречат, па посетуваат разни третмани за да ги намалат, други пак гордо ги носат трагите на животот и времето.

brckite-go-otkrivaat-vasiot-karakter-kade-imate-najmnogu-brcki-i-sto-znaci-toa-01

Сепак, некои истражувања потврдуваат дека брчките не се само знак дека сте остареле, туку може и да го издадат вашиот карактер.

Сите видови брчки имаат своја карактеристика која е специфична за личноста која ги поседува.

- Оние кои имаат хоризонтални брчки на челото се смета дека се премногу загрижени. Кај помладите личности може да биде и знак за претерана консумација на шеќер, млечни производи и масти.

- Две вертикални брчки помеѓу веѓите, означуваат потисната лутина која може да се изрази со нетрпение, фрустрација или досада.

- Ако борите се спуштаат надолу, кон коренот на носот, може да означуваат загриженост или преголема концентрација.

- Ако имате вертикални брчки на образите, тогаш тоа значи дека сте под постојан стрес.

- Брчките на усните, особено малите вертикални над горната усна, упатуваат на претерана загриженост.

brckite-go-otkrivaat-vasiot-karakter-kade-imate-najmnogu-brcki-i-sto-znaci-toa-1.jpg

- Често се појавуваат и ситни брчки од разочараност, околу аглите на устата и се спуштаат надолу кон вилицата.

- Ситните вертикални брчки кои се наоѓаат под долната усна означуваат огорченост и незадоволство во животот.

- Брчките на брадата, односно вертикалните линии на брадата, особено кај младите, упатуваат на некои стравови.

- Брчките над надворешниот агол на окото свиткани нагоре се знак за радост и среќа, а оние кои се спуштаат кон јаболчниците или по образите се знак за тага.

brckite-go-otkrivaat-vasiot-karakter-kade-imate-najmnogu-brcki-i-sto-znaci-toa-2.jpg

Какви брчки забележувате на вашето лице кога ќе се погледнете во огледало?

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава