Супер трикови за успешно нанесување на карминот

11. Погодете ја вистинската „кожа боја“ нијанса на кармин за вашиот тен. Идеалниот кармин во оваа нијанса секогаш е за една нијанса потемен од важата кожа. Ако имате светла кожа, одберете кармин кој ќе има дискретен розов пигмент. Ако имате потемна кожа, решете се за кармин кој има портокалов подтон а доколку имате изразено темна кожа, вистинскиот кармин за вас треба да биде во кафеаво-розева или карамел нијанса.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-12.jpg


12.
Пронајдете го вистинскиот црвен кармин за вашата кожа. Ако имате светла кожа, изберете црвен кармин со син подтон, ако имате маслинеста кожа купете портокалово-црвен кармин а ако имате темна кожа, решете се за бургунди нијанса.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-13.jpg


13. 
Научете перфектно да го исцртувате купидовиот лак со тоа што ќе нацртате Х во центарот на горната усна. Потоа поминете со моливчето по целиот раб на усната и обојте ја со него целата усна. На овој начин, не само што карминот потешко ќе се брише, туку и кога ќе почне да се брише, нема да ви се познаваат трагите од моливчето околу устата.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-14.jpg


14.
 Направете карминот да ви биде повпечатлив со тоа што работ од усните ќе ги исцртате со четка за коректор. Нема да ви се верува колку изразени ќе ви станат усните на овој начин.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-15.jpg


15. 
Ако треба да патувате, кармините чувајте ги во кутија за апчиња. На овој начин секогаш ќе знаете каде се, место да ги „ловите“ низ торбите и куферите.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-16.jpeg


16. 
„Залепете“ го скршениот кармин по помош на запалка. Земете го скршениот дел од карминот и спојте го со делот кој останал во пакувањето. Потоа, на пламен стопете ги двата дела за да се залепат еден за друг. Внимавајте да не ги држите премногу долго на оган зошто така може целиот кармин да ви се истопи.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-17.jpg


17. 
Кармините чувајте ги во фрижидер кога надвор е многу топло. На тој начин им го продолжувате времетраењето и спречувате да се стопат.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-18.jpg


18.
Направете усните да изгледаат поголеми со тоа што ќе нанесете една нијанса на кармин врз целата уста а потоа во центарот ќе нанесете нијанса која е многу посветла од онаа која сте ја користеле за целата усна. Ако сакате подраматичен ефект, може да користите и коректор.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-19.jpg


19.
Дамките од кармин врз облеката извадете ги со помош на лак за коса. Попрскајте ја ткаенината со спрејот, почекајте да делува неколку минути и исперете ја.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-20.jpg


20.
Откако ќе го нанесете моливчето за усни, нежно поминете со прст преку него за да ја омекнете линијата. Дури потоа нанесете го карминот.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-21.jpg


21.
Нанесете проѕирен прајмер околу устата пред да го нанесете карминот. На тој начин ќе спречите карминот да се разлее надвор од линијата на усната.

super-trikovi-za-uspesno-nanesuvanje-na-karminot-22.jpg



Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава