Природен рецепт за подмладување на кожата: Подгответе зелена лутеинска маска

Од сите природни третмани кои можете да си ги направите дома, зелената лутеинска маска е една од оние чии резултати се забележуваат веднаш.

priroden-recept-za-podmladuvanje-na-kzoata-podgotvete-zelena-luteinska-maska-1

Ако веќе почнавте да барате креми и препарати против стареење на кожата, тогаш пробајте го ова природно решение.

Козметичките производи чинат многу, а оваа маска за лице ќе го заштеди вашиот буџет и истовремено ќе ве подмлади:

Состојки:

  • 200g спанаќ
  • 200g кељ
  • ¼ чаша маслиново масло
  • ¼ чаша кисела павлака


Начин на подготовка:

Кратко сварете ги кељот и спанаќот, потоа исцедете ги и ставете ги во блендер. Додајте ги маслиновото масло, киселата павлака и добро изматете ги.


Начин на употреба:

Зелената маска нанесете ја на чисто лице и врат. За најдобар ефект, оставете ја да делува околу 8 минути. Потоа измијте го лицето и вратот со млака вода, а веднаш потоа и со ладна вода за да ги затворите порите.

Маската нанесете ја еднаш до два пати неделно, а веднаш можете да си подготвите доволно смеса за цела недела, бидејќи оваа мешавина може да стои во ладилник една седмица.


Делување:

Главните состојки кои ја подмладуваат кожата се лутеинот, кој се наоѓа во зелениот зеленчук, витаминот Е во маслиновото масло и млечната киселина, која е клучна за убавина и здравјето на кожата, а се наоѓа во киселата павлака. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава