Јагоди за убав тен, мека кожа и за жешка ноќ во кревет

Вкусните и неодоливи јагоди не се користат само како дел од некој колач, туку тие можат да ве разубават на разни начини.

jagodi-za-ubav-ten-meka-koza-i-zeska-nokj-vo-krevet-1

Овие овошки можат да ви помогнат да ја задржите витката линија, доброто расположение и да имате убава, мека кожа.

За што сѐ се добри јагодите:

Афродизијак

- Со векови наназад на јагодите им се припишува титулата афродизијак. Можеби главниот виновник за тоа е нивниот облик во форма за срце. Како и да е, совршени се за да ја вжештат спалната соба со само малку шлаг.

- Поставете ги јагодите на видно место во некој интересен сад, бидејќи самата нивна глетка предизвикува желба за секс.

Домашна маска од јагоди за нежна кожа:

jagodi-za-ubav-ten-meka-koza-i-zeska-nokj-vo-krevet-2

Против мозолки

Направете си маска против мозолки со тоа што ќе земете една рака јагоди, кои добро ќе ги згмечите со помош на толчник, а потоа ќе ги помешате со 1 супена лажица мед, 1 супена лажица свежо сирење и исто толку крема за лице. Нанесете ја маската на лицето, вратот и деколтето и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте со топла вода.


За чувствителна и сува кожа

Со помош на толчник или виљушка изгмечете неколку јагоди и во кашата додајте малку кисело млеко. Нанесете ја маската на лице, оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте ја со млака вода. 

Редовното и често консумирање на јагоди или пиењето на сок од јагоди, особено во топлите летни денови ќе ви подари убав тен каков што отсекогаш сте посакувале.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава