Посветете си внимание: Купка за студени, уморни или отечени нозе

Посветете си малку внимание во денот и заборавете на изговорот дека немате време или дека имате премногу обврски, бидејќи вашите нозе навистина страдаат во текот на секојдневието..

posvetete-si-vnimanie-kupka-za-studeni-umorni-i-oteceni-noze-1

Тесни чевли, многу пешачење, долгото стоење се причина повеќе зошто оваа купка да ја правите секој ден.

Начин на подготовка на купката:

Земете едно мало леѓенче и наполнете го со топла вода, потоа додајте етерично масло од лаванда и еукалиптус, бидејќи тие ги штитат стапалата од бактерии. Отприлика се става 3l вода со 15 капки масло.

Ако имате студени нозе и слаба циркулација, во купката додајте една рака листови од мајчина душица, рузмарин и исто толку цветови од камилица.

За уморни стапала најдобро е да додадете една рака чај од пелин или лаванда.

Против отечени нозе во купката додајте една рака чај од коприва.

Доколку имате проблем со потење на стапалата, тогаш во купката додајте една рака ореви, боцки од бор и 1 супена лажица сода бикарбона.


Солена купка

Посебно се препорачува за отечени стапала и за оние кои често имаат проблем со разни инфекции во овој дел од телото.

Потребни состојки:

  • 1 супена лажица морска сол
  • 5 капки етерично масло од еукалиптус
  • 5 капки етерично масло од чајно дрво
  • 5 капки етерично масло од лаванда
  • 3l топла вода

Мало леѓенче наполнете го со топла вода, а во лажичката сол капнете од сите масла и додајте ги во водата. Држете ги стапалата во купката 10 минути, а после тоа убаво намачкајте ги со богата, хранлива крема.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава