Што Индијките никогаш не прават кога е во прашање косата?

Сигурно сте забележале дека Индијките секогаш имаат долга, сјајна и негувана коса, всушност таа е и нивниот заштитен знак.

sto-indijkite-nikogas-ne-pravat-koga-e-vo-prashanje-kosata-1.jpg

Ритуалите за одржувањето на косата кои за нас се вообичаени, за Индијките не се, затоа ако забележувате дека ви е потребна промена на косата тогаш вреди да ги пробате:

1. Индијките не ја мијат косата секој ден

Индијките, својата коса ја мијат 2 до 3 пати неделно. Тоа го прават со цел да ја остават косата да стане мрсна и со тоа природно да се заштити од надворешните влијанија. Доколку вие вашата ја миете секој ден, тогаш вреди да се обидете да го промените тоа правило.


2. Тие не ја мијат косата со жешка вода

Негата на косата за овие жени подразбира нејзино миење исклучиво со млака или ладна вода, а косата ја четкаат откако таа добро ќе се исуши. Доколку ја четкате косата додека е мокра, или ја сушите со премногу жешката топлина на фенот, косата ќе ви остане без сјај.


3. Индијките ретко користат козметички производи

Кога прават фризура тие одбегнуваат употреба на производи за стилизирање и правење на силни пунџи, кои можат да го искинат влакното. Ретко користат регенератори, а еднаш неделно употребуваат природни масла. Со овие масла добро го масираат темето на главата и така нивната коса добива сјај и мекост.


4. Индијките ги нанесуваат маслата топли и со масажа

Бадемово, маслиново и арганово масло се едни од природните масла кои треба да ги имате во својот дом доколку сакате здрава и негувана коса. Пред да ги користат маслата, тие најпрво малку ги загреваат и топли се нанесуваат на косата, а потоа со помош на масажи се распределуваат по секое влакно. Оставете ги маслата да делуваат најмалку 1 час, а идеално би било и да преспиете со маската. Со благата масажа се поттикнува циркулацијата и така до секое влакно стигнуваат хранливите состојки кои се потребни за брз раст на коата. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава