Пилинг со лимон кој на лицето му го враќа изгубениот сјај

Ако забележавте дека лицето ви изгледа уморно, бледо и без сјај, тогаш направете си го овој пилинг со кој кожата одново ќе ви блесне.

piling-so-limon-so-koj-kje-mu-go-vratite-izgubeniot-sjaj-na-liceto-1

Не ви се потребни скапи креми, а состојките веќе сигурно ги имате дома.

Пилингот можете да го правите 2 до 3 пати неделно и доколку имате проблем со мозолки, бидете сигурни дека за брзо време ќе ви исчезнат од лицето.

Состојки:

  • Лимон
  • Кафеав шеќер
  • Мед
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

piling-so-limon-so-koj-kje-mu-go-vratite-izgubeniot-sjaj-na-liceto-2

1. Исцедете го лимонот и ставете го во подлабок сад.

2. Додајте 2 лажички од кафениот шеќер и 1 лажичка мед во садот со лимонот.

3. Добро измешајте ги состојките во садот, додека смесата да се соедини.

4. На чисто лице, ставете малку маслиново масло со памук или со прсти и масирајте со кружни движења, за лицето да го подготвите за пилингот.

5. На лицето нанесете го пилингот и добро тријте го по кожата повторно со кружни движења, а избегнувајте го подрачјето околу очите и ноздрите.

6. Измијте се со млака вода и нанесете хидрадантна крема или лосион кој редовно го користите.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава