Не се плашете од стареењето: Правила за нега за дамите во 40-тите

40-тите се новите 30-ти и немојте воопшто да се сомневате во оваа изјава, бидејќи со помош на овие правила за нега на вашето тело, кожа и коса ќе блеснете во полн сјај.

ne-plasete-se-od-stareenje-pravila-za-nega-za-dami-vo-40-tite-1

Како што минуваат годините, така сѐ повеќе мора да внимаваме на исхраната, вежбите, редовното отстранување на шминка и користење на креми за нашата возраст.

Нема зошто да се плашите од стареењето и запомнете секој период од животот носи свои радости и секако свои правила:

Здрава исхрана

Правилната исхрана вклучува многу овошје и зеленчук, како и доволно количество на вода, а за тоа најблагодарни ќе ви бидат телото, косата, кожата и ноктите. Најдобро е намирниците да бидат од домашно потекло, а со редовното консумирање резултатите ќе бидат веднаш воочливи.


Заштита од сонце

Доколку имате навика да одите во солариум или да се сончате на плажа, време е да престанете, бидејќи тоа е штетно за кожата и ќе добиете брчки. Пред секое излегување од дома задолжително користете производи со заштитен фактор, шешири и очила за сонце.


Нега на лице

Во 40-тите негата на лицето мора да ви биде рутина. Никогаш не смеете да си дозволите да заспиете со шминка на лицето, затоа покрај креветот чувајте си влажни марамици, а следниот ден направете темелен пилинг.


Помалку е повеќе

Ако до сега обожававте силна шминка, време е да намалите на неа. Премногу шминка може да направи да изгледа многу постаро. Доволно ви е маскара, руменило и кармин, кои ќе направат да изгледате прекрасно. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава