BURЯA® во Скопје

Новата козметичка линија BURЯA®  беше претставена на стручната јавност на 29.04.2015 година во хотелот Holiday inn во Скопје. За време на едукативното предавање и практичната презентација, фармацевтите се здобија со потребните стручни информации за начинот на делување на anti - age козметиката BURЯA®.

bur-a-vo-skopje-01.JPG

Благодарение на активните состојки пептиди кои ја стимулираат синтезата на колаген, производите на BURЯA®за активна нега на лицето директно делуваат на процесот на подмладување на кожата и како такви се препорачуваат на жени од 30 години па натаму. Сите производи во својот состав покрај главноделувачките пептиди содржат уште 5 активни anti-age супстанции: Хиалуронска киселина, бета глукан, природно масло од арган, и марула како и ши путер кои заедно придонесуваат во подобрувањето на тонусот и изгледот на кожата.

BURЯA®ноќната крема и кремата за пределот околу очите содржат и екстракт од зелена алга, која ги брише знаците на замор и ја обновува кожата во текот на ноќта.

За природно тонирање на лицето,без ефект на маска BURЯA®personal skin expert има и ББ тонирани креми со СПФ 10 во три нијанси light, medium I dark. Овие креми во својот состав содржат инкапсулирани пигменти Bio Genic Magicolor кои се активираат со втривање на површината на кожата, развивајќи изедначување на тенот.

Идеално средство за темелно и нежно отстранување на шминката и чистење на лицето овозможува BURЯA® Pure Active Care Мицеларен лосион. Екстрактите од алое вера и краставица ја хидрираат и освежуваат кожата, додека хамамелисот делува смирувачки на местото на нанесување.

Козметичката линија BURЯA® во своите производи има и линија за заштита на кожата на лицето од сонце. Тоа се два производи BURЯA® Sun cream СПФ 30 и BURЯA® Sun cream СПФ 50. Во својот состав имаат ектоин кој ја штити кожата од фотостареење. Прикладни се за светла и осетлива кожа на лицето.

bur-a-vo-skopje-04.JPG

Линијата за нега на тело на BURЯA® personal skin expert вклучува два производи.

BURЯA® natural mineral deodorant roll - on е специјално формулиран дезодоранс кој дава природна заштита од непријатни мириси и обезбедува долготрајно чувство на свежина, благодарение на екстрактот од алое, краставица и хамамелис. BURЯA® natural mineral deodorant roll- on не содржи парабен, алуминиум и алкохол.

BURЯA® Body Milk наменет е за потполна нега и заштита на нормална до сува кожа.Формулиран на база на уреа, ши путер, масло од какао,бадем и кокос го обновува хиролипидниот филм на површината на кожата, ги подобрува нејзиниот изглед и структура.Кожата станува  мазна и еластична.

Сопрете го времето со BURЯA®.

Побарајте ја BURЯA® personal skin expert во подобро снабдените аптеки.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава