Креативно и уникатно: 4 идеи кои ќе ја претворат вашата коса во уметичко дело
Богатите и разиграни додатоци ќе го претворат и најобичниот коњски реп во уметничко дело. Идеите на што се можете да вметнете во вашето уметничко дело се небројни.
Еве неколку наши предлози.
Стари неискористени материјали
Поседувате стари парчиња кожа или друг тип на материјал? Не ги фрлајте. Спојте ги во разигран колаж кој можете да го додадете на вашите шноли.
Врвки
Колку и да се трудите, не можете да најдете стегач? Искористете ја првата врвка која ќе ви наиде на патот. Можете да направите едноставен реп или пуџа или пак, можете да ја искористите како венче кое ќе ја опфати целата коса.
Цветови
Вештачките цвеќиња кои можете да ги сретнете во било која продавница „се за 99 денари“ со малку креативност и лепак може да станат дел од вашата колекција на аксесоари. Со малку упорност истото важи и за природните.
Брошови
Појдете до најблиската специјализирана продавница и од неа излезете со вреќа полна разновидни циркони и кристали во облик на брошови. Едноставните и еднобојни венчиња и шноли можете да ги претворите во разиграност на бои.