Супер домашен рецепт: Маска за брз раст на косата

Во потрага сте по препарат кој ќе го поттикне растот на косата? Престанете да ја мачкате со хемикалии, чудни шампони и маски, со нив ќе го постигнете спротивниот ефект.

super-domasen-recept-maska-za-brz-rast-na-kosata-01.jpg

Наместо тоа паметно е да се упатите во кујната и да ги измешате овие 4 состојки:

  • 1 банана
  • 1 јајце или само жолчка
  • 1 лажица мед
  • ½ шолја темно пиво

Сè што треба да направите е да ги ставите во блендер и да ја направите маската.

Нанесете на косата, замотајте во кеса и пешкир и чувајте ја 1-2 часа. Потоа измијте ја косата како и обично.

Затоа што во ништо не е добро да претерувате, сосема доволно е да ја користите маската еднаш во неделата.


Како делува оваа маска?

Јајцата се добри заради тоа што ги содржат сите аминокиселини и лецитин. Ја штитат косата од оштетување и го спречуваат настанувањето на првут.

Бананите содржат витамини и природни масла кои на косата и даваат еластичност, сјај и мекост. Одлични се во борбата против испукани краеви.

Медот е посебно корисен заради хранливите материи и витамини кои се клучни за побрз раст на косата. Тој помага кај губење на косата, ја тонизира кожата на главата и ослободува од првут.

Пивото содржи хмељ, квасец и Б витамини во големи количини кои се одлични за зајакнување на влакното. Витаминот Ц пак благотворно делува на кожата од главата.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава