Трикови како да ја прикриете алергијата на вашето лице

За оние кои мачат мака со алергии, пролета подеднакво носи главоболки како и среќа за топлите денови, но лошите реакции на полен не мора да ви го расипат убавиот изглед.

trikovi-kako-da-ja-prikriete-alergijata-na-va-eto-lice-01.jpg

Барем на половина од нас добро познато ни е кога наутро ќе станете и пролетниот воздух инстантно ќе ви го протече носот и ќе ги заскокотка очите.

Одеднаш кожата на лицето полека по полека станува оштетена, сува и изиритирана. Сепак постојат неколку мали трикови кои ќе направат црвенилото да исчезне.


1. Контурирајте за да не се забележи подуеноста на лицето

Кога носиме црно изгледаме послабо. Истото важи и за засенчувањето и осветлувањето на одредени делови кои ни помагаат во дефинирањето на подуеното лице. Користењето на руж ќе ви помогне да привлечете внимание на специфичните карактеристики на вашето лице, а да ги прикриете другите.

trikovi-kako-da-ja-prikriete-alergijata-na-va-eto-lice-1.jpg


2. Намалете го црвенилото

Употребата на премногу шамивчиња може да го направи вашето лице суво и надразнето. Погрижете се за неговата добра хидратација со употреба на крема која ќе му ја врати влажноста на лицето. Потоа послужете се со прајмер во зелена боја кој ќе го прикрие црвенилото.

trikovi-kako-da-ja-prikriete-alergijata-na-va-eto-lice-2.jpg


3. Истакнете ги очите

За да успеете во ова, неопходно е да нанесете темно моливче на горниот дел од трепките. Очите може уште малку да ги истакнете и да направите црвенилото да не се забележува. За таа цел на внатрешната страна од очите нанесете бело моливче.

trikovi-kako-da-ja-prikriete-alergijata-na-va-eto-lice-3.jpg


4. Брановидна коса

Гледајте што е можно помалку да ја користите пеглата за коса. Наместо тоа во текот на ноќта со неколку врвци направете ја вашата коса брановидна. На овој начин ќе ја избалансирате подуеноста на лицето.

trikovi-kako-da-ja-prikriete-alergijata-na-va-eto-lice-4.jpg


5. Коњски реп

Алергените често знаат да бидат потикнати и од влажноста околу лицето. Токму затоа може да се одлучите за најкласичниот женствен изглед, коњскиот реп.

trikovi-kako-da-ja-prikriete-alergijata-na-va-eto-lice-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...

Најчитани неделава