Домашен лек против досадните подочници

Пристигнаа пролетните алергии, а со нив и вашите подочници станаа се потемни и поголеми. Време е еднаш за секогаш да се ослободите од овие непосакувани вреќички под очите и да се разубавите.

domashen-lek-protiv-dosadnite-podocnici-01.jpg

Лекот секако дека не лежи само во примената на креми и рецепти кои ќе го намалат отокот и ќе ја осветлат кожата. Обидете се да пиете доволно вода и започнете да спиете на грб.

Откако ќе се погрижите овие две важни навики да станат дел од вашиот стил на живеење, слободно можете да започнете и со подготовка и користење и на овој одличен домашен рецепт од само две состојки.

Пресечете една половина лимон и еден домат. Во стаклен сад промешајте ги соковите од двете состојки и земете едно памукче.

Причината која лежи зад употребата на овие две состојки е во погатсвото на витами кои изобилуваат во двете. Лимонот содржи високи количини на С витамин кој ја осветлува кожата, а доматот ги содржи B1, B2, B3, B6 и А.

domashen-lek-protiv-dosadnite-podocnici-1.jpg

Пред да започнете со нанесувањето на смесата темелно исчистете го лицето. Смесата нежно нанесете ја во пределот под очите и оставете да дејствува цели 15 минути. Потоа повторно измијте го лицето со вода и нанесете лесна хидратантна крема за лице.

Предупредување: Добро знаете дека сокот од лимонот е силна киселина која доколку ги допре вашите очи ќе предизвика силно печење. Внимавајте во нанесувањето на смесата.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава