Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 Техники за заводливи трепки кои ги рушат сите правила

Не постои ништо поубаво од долги, нагласени и заводливи трепки, но маскарата е само дел од вистинската формула за убави трепки.

6-tehniki-za-zavodlivi-trepki-koi-gi-rusat-site-pravila-1.jpg

Овие 6 техники се надвор од правилата и сигурно до сега не сте ги применувале:

1. Не морате да ја користите четката од маскарата

За да ги поминете сите влакна, дури и оние во аглите, нанесете малку маскара на чешел за трепки и поминете низ нив.


2. Маскара како замена за моливче за очи

Со тапкањето и нанесувањето на маскарата на коренот од трепките можете да создадете илузија на дебела црта, без да имате потреба од моливче за очи.


3. Помешајте повеќе маскари

Стандардната маскара помешајте ја со онаа која има дефинирана формула за продолжување и волумен. Исто така можете да користите заоблена четка од некоја маскара за екстра навиткани трепки, а потоа да ги поминете со маскара за дебела текстура.


4. Не заборавајте на долните трепки

Можеби избегнувате или заборавате да ги поминете долните трепки со маскара, но не би требало. За да добиете ефект на визуелно поголеми очи задолжително ставете барем еден слој маскара на долните трепки.


5. Маскарата аплицирајте ја дијагонално

Повеќето од нас ја користат методата на нанесување „горе-доле”, но со дијагоналната метода се постигнува ефектот на крупни очи и широки трепки. За да го постигнете тој ефект, наместо рамно движете ја четката дијагонално и оставете повеќе време за дефинирање на надворешните агли.


6. Со промена на правецот го менувате обликот на очите

Држете ја четката вертикално и поминете по влакната почнувајќи од средината. Потоа, четката свртете ја кон десно и аплицирајте кон нагоре. Фокусирајте се на центарот со тоа што повторно ќе аплицирате кон врвовите. 

Би можело да ве интересира:

8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg