3 маски од куркума за секој тип на кожа

Од срцето на Индија доаѓа стар рецепт кој со само неколку домашни состојки брзо ќе ви го даде посакуваниот изглед на кожата.

zlatnata-maska-na-indija-so-kurkuma-do-sovrsena-koza-na-liceto-01.jpg

Индијците ја нарекуваат златната маска делумно поради бојата која ја добива, а и секако поради ефектот кој го има на кожата.

Маската претставува целосно домашен рецепт за кој не ви се потребни многу состојки ниту пак пари. Се што ви е потребно е да поседувате свеж јогурт, куркума и додатоци по желба кои во зависност од типот на кожа кој го имате ќе потпомогнат во дејствувањето на основната маска.

Во Индија се користи веќе илјадници години и секако причината лежи во благодетите на добро познатиот зачин, куркумата. Таа има природно антисептично и антиоксидативно дејство кое ќе влијае на отстранувањето на флеките и белезите на кожата. Ќе го намали црвенилото и истовремено ќе влијае против оформувањето на несаканите мозолчиња.

Основните состојки на маската се куркумата и јогуртот. Не грижете се, жолтата боја нема да остане на вашата кожа доколку правилно ја нанесувате и во препорачаните мерки.

Постојат различни додатоци во зависност од типот на кожа кој го имате:


1. За нормална или мешана кожа

Користите пола лажичка куркума со лажичка јогурт и неколку капки лимонов сок. Промешајте ги сите состојки и нанесете ги на вашето претходно добро исчистено лице. Оставете маската да делува 30-тина минути и потоа со малку сапун исчистете ја.


2. Маска за мрсна и проблематична кожа

На претходната смеса од пола лажичка куркума и лажичка јогурт, додајте пола лажичка темен мед и неколку капки алое вера. Постапката е иста и со претходниот случај. Оставете ја 30-тина минути на кожата и потоа исплакнете го лицето со сапун.


3. За сува кожа

Бидејќи на вашето лице му недостасуваат омега 3 масни киселини, најдобро што можете да направите е на основните состојки од пола лажичка куркума и лажичка јогурт да додадете и пола лажичка масло по желба. Можете да се послужите со арганово масло или кокосово.

Ова маска неопходно е да ја користите почесто. Основната препорака е да ја ставате на лицето на секои 3 дена се додека не забележите подобрување на изгледот на кожата. Доколку сте загрижени за жолтенило од куркумата имајте на ум дека тоникот или сапунот со кој ќе го миете лицето и самите млечни киселини од јогуртот ќе ви помогнат во лесното и брзо отстранување на маската и жолтата боја.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава