Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 причини зошто е добро да имате голем задник

Големите задници изминативе неколку години се главна тема на разговори, па секоја жена посакува да има барем уште неколку сантиметри плус во обем кај колковите.

10-pricini-zosto-e-dobro-da-imate-golem-zadnik-01.jpg

Освен тоа што жените со голем, стегнат задник имаат попривлечна фигура, постојат уште 10 причини зошто е добро да имате (сразмерно) голем задник.

1. Ве прави попривлечни

Закривувањето на долниот дел од грбот каде што почнува задникот е многу поголемо кај жените со истакнати облини. Токму заоблената половина делува посекси во очите на мажите.


2. Имате подобра интуиција од жените со мал задник

Истражувањата покажуваат дека жените со поголем задник развиваат многу поголема интуиција во пубертетот, баш додека им се обликуваат облините. Плус, овие жени привлекуваат повеќе мажи, па заради тоа мора да развијат сериозни социјални вештини како би го одбрале оној вистинскиот.


3. Масното ткиво во задникот е безопасно

За разлика од вишокот бели масти во цревата кои можат да предизвикат воспаленија, висок крвен притисок и други здравствени компликации, големиот задник е полн со поткожно жолто масно ткиво кое е безопасно.


4. Полесно се качувате по скали

Логично, качувањето по скали е многу потешко за жените со мал задник и неразвиени мускули во долниот дел од телото.


5. Кога сте гладни не сте избезумени

Имате доволно голема залиха на таложена храна која ви помага да функционирате и во моментите кога сте гладни.


6. Го штити долниот дел од телото

Малиот задник потешко ги придвижува нозете додека одите и заради тоа често жените имаат болки во грбот. Кај жените со голем задник овој проблем не постои.


7. Може да ја олесни бременоста

Жените за време на бременоста често патат од болки во карлицата кои се предизвикани од растењето на стомакот. Големиот задник создава баланс и го намалува притисокот кој трудничкиот стомак може да го направи.


8. Помала опасност од висок холестерол и дијабетес

Жените со натпросечно големи задници имаат поголемо ниво на добар холестерот кој ги штити артериите и помало ниво на лош холестерол кој ги запушува и тоа е докажано низ повеќе истражувања.


9. Ги штити мускулите на бедрата

Овие мускули често се мета на повреди, а големиот задник им помага при тешките и напорни физички активности со тоа што полесно ги придвижува.


10. Ја намалува болката ако паднете

Големиот задник сам по себе е едно големо, меко перниче кое ќе ве заштити од незгодните паѓања и повреди.

Би можело да ве интересира:

„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
5 парфеми од ZARA кои се копија на познати скапи мириси (и многу поевтини од нив) Сигурно знаете дека парфемите кои се продаваат во ZARA се копии на мирисите на г...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg