8 грешки кои ги правите со карминот

Карминот е задолжителен во секоја женска чанта. Со него често некои жени кои се повешти знаат и целосно да се нашминкаат. Но, за да го искористите карминот на правилен начин и да добиете секси и заводливи усни, мора да избегнете некои грешки кои може да предизвикаат и спротивен ефект.

8-greski-koi-gi-pravite-so-karminot-01.jpg

1. Не ги хидрирате усните доволно

Особено во студените денови, мора да ставате балсам на усните за да не дојде до испукување на нивната нежна кожа. Истото важи и во топлите сончеви денови.


2. Не правите доволно често пилинг

Најчесто и најлесно се прави со помош на навлажнета четка за заби. За убаво да ви изгледа карминот треба да го нанесете на мазни усни.


3. Не ставате подлога под карминот

Подлогата дава дополнителен слој кој ги прави усните пополни и дава интензивна боја.


4. Не користите моливче за усни

Моливчето за усни треба да служи како граница помеѓу лицето и усните. Таа дава подлабока боја со која може повеќе да ги истакнете усните.

8-greski-koi-gi-pravite-so-karminot-1.jpg

5. Почнувате со нанесување кармин од погрешно место

Секогаш треба да почнете со нанесување по средината на усните и да ги размачкувате лево-десно. Тоа е најдобар начин за да ја распоредите бојата.


6. Не ја фиксирате боја

По нанесувањето на карминот секогаш треба да ја фиксирате бојата. Ставете тенок слој хартија преку усните и натапкајте пудра преку него. Тоа ќе ви даде мат ефект и ќе биде подолго ќе ви трае.


7. Ставате премногу кармин

Ова го забележувате дури кога карминот ќе ви остане на шолјата кафе или на забите. Контролирајте го нанесувањето и ефектот ќе биде подобар.


8. Не обрнувате внимание на нијансата која ја бирате

Ако одберете погрешна боја на кармин сите ќе го забележат тоа. Мора да запомните дека кармините кои имаат сина боја во основата повеќе им одговараат на оние кои имаат побледа кожа, додека кармините кои имаат портокалова боја во основата повеќе им одговараат на оние кои имаат потемен тен.

8-greski-koi-gi-pravite-so-karminot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...

Најчитани неделава