Пробајте, ќе уживате: Маски од јагоди за сите типови кожа

Јагодите се можеби најслаткото и најароматично овошје, но може да послужат и како квалитетна нега на кожата на лицето.

probajte-ke-uzivate-maski-od-jagodi-za-site-tipovi-koza-01.jpg

Искористете ја сезоната на јагоди, одморете и уживајте во овие слатки маски.

Маска за сува кожа

Потребно ви е:

  • 1 шолја зрели јагоди
  • 1 кафена лажица павлака

Јагодите измијте ги и исчистете ги, а потоа пасирајте додека не добиете густа смеса. Додајте ја павлаката и нанесете ја маската на чисто лице. По половина чај измијте и нанесете крема.


Маска за масна кожа

Потребно ви е:

  • 1 шолја зрели јагоди
  • 1 рамна лажичка сода бикарбона
  • 1 рамна лажичка пченкарно брашно

Измијте ги и исчистете ги јагодите. Пасирајте додека не добиете густа смеса и на крај додадете го брашното и сода бикарбоната. Нанесете ја смесата на чисто лице, оставете ја да делува половина час и измијте го лицето.

probajte-ke-uzivate-maski-od-jagodi-za-site-tipovi-koza-02.jpg

Маска за нормална кожа

Потребно ви е:

  • 1 шолја зрели јагоди
  • 2 лажици млеко
  • 1 кафена лажичка мед

Измијте, исчистете ги јагодите, а потоа испасирајте ги заедно со млекото и медот. Потоа прецедете ја смесата низ газа или цедалка. Во течноста која ќе се одвои ставете парче памук и со него премачкајте го целото лице и вратот. Оставете да делува половина час и измијте.


Маска за проблематична кожа (склона кон акни)

Потребно ви е:

  • 3 големи зрели јагоди
  • 3 листови тегавец
  • Неколку капци свежо цеден сок од лимон

Измијте ги и испасирајте ги јагодите. Додадете ги иситнетите листови тегавец и капките сок од лимон и повторно добро промешајте. Нанесете на лицето и почекајте маската да делува 20 минути. Измијте темелно.

Важно: Маските можете да ги користите неколку пати неделно, а резултатите ќе бидат видливи по 3 третмани.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава