10 трикови со кои лакот подолго ќе ви остане на ноктите

Штотуку нанесовте лак за нокти и посакувате да остане на нив подолго? Постојат неколку правила и трикови по кои треба да се водите и да ги применувате за лакот да остане подолго и да изгледа како да е штотуку нанесен.

10-trikovi-so-koi-lakot-podolgo-kje-vi-ostane-na-noktite-01.jpg

1. Со стапче за уши пројдете ги ноктите со алкохолен оцет пред нанесувањето на лакот. На тој начин ќе ги извадите сите природни масти кои се на ноктите.

2. Користете базен лак. Со него лакот подолго ќе трае.

3. На врвовите на ноктот нанесете два слоја на базен лак. Врвовите се подложни оштетувања, па на овој начин ќе им овозможите двослојна заштита.

4. Лакот не го тресете горе-доле. Доколку ја имате оваа навика пред нанесувањето, имајте на ум дека создавате меурчиња во лакот и истите ги нанесувате на ноктите.

5. Внимавајте лакот да не се нанесе и на кожата околу ноктот. Слојот кој е нанесен на кожата, го „подигнува“ слојот од ноктот и истиот побргу опаѓа.

6. Не ги сушете ноктите на сончева светлина или топлина. Топлината не го суши лакот. Наместо тоа ставете ги ноктите во ладна вода.

7. Секој ден од ново нанесувајте го лакот. На тој начин ќе го одржувате сјајот на бојата.

8. Не ги мијте рацете со антибактериски сапун. Тој ги суши ноктите побргу ги уништува завршниот слој на лак. Користете благи сапуни и течни гелови за миење на рацете.

9. Секојдневно нанесувајте масла на ноктите. На тој начин спречувате сушење на лакот и негово пукање.

10. Носете ракавици ако миете садови. Внесувањето на рацете во топла вода и средство за миење садови е најбрз рецепт за отстранување на лакот од ноктите.

Би можело да ве интересира:

Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...

Најчитани неделава