Нов тренд - маскара во боја: Која ви одговара најмногу?

Може да немате ставено сенка, руменило или туш на очите, но маскарата е задолжителна. Таа го дава вистинскиот изглед на очите и го прави погледот повпечатлив.

nov-trend-maskara-vo-boja-koja-vi-odgovara-najmnogu-01

Обично е еден од завршните елементи на шминкањето која додава гламурозен финиш. Најчесто се користи црна маскара, постојат нијанси  од темно кафена до драматично црна и остава најдобар ефект зависно од тоа што сакате да постигнете.

Популарниот драматичен изглед на густи црни трепки се вистински погодок, темно кафените се за секој ден, бидејќи природниот изглед е секогаш во мода, но сите видови црни маскари одговараат на секоја комбинација и сите бои на очи, поради контрастот кој го прави, но и нагласувањето на должината, дебелината и густината на трепките.

Во секој случај може да експериментирате и да ги пробате разните бои  на маскара и така ќе бидете во чекор со летните трендови. Сепак, додека црната маскара им одговара на сите бои на очите, маскарата во боја е поограничена и треба да ја одберете онаа која одговара нa вашата боја на очи.

1. Сина – сите бои на очи

Сината маскара е универзално приспособлива на сите бои на очи. Доколку имате сини очи можеби не е најпрепорачлива бидејќи ќе изгледате еднолично. Нанесете ја сината маскара во што подебел слој за погледот да ви биде поизразен  и подлабок.

nov-trend-maskara-vo-boja-koja-vi-odgovara-najmnogu-003.jpg


2. Зелена маскара – кафени очи

Доколку имате кафени очи, секоја нијанса на зелена совршено ќе ви одговара. Вашиот поглед ќе изгледа поодморно, дури и тогаш кога не сте доволно наспани или кога сте имале напорен ден. На работа.

nov-trend-maskara-vo-boja-koja-vi-odgovara-najmnogu-002.jpg


3. Кафена маскара – зелени очи

Кафената маскара совршено ќе ви го истакне погледот и ќе направи да блеска, ако имате зелени очи.

nov-trend-maskara-vo-boja-koja-vi-odgovara-najmnogu-004.jpg


4. Виолетова маскара – темно кафени очи

Виолетовата маскара е уште една од маскарите кои совршено се согласуваат со кафените очи. Иако нијансата е специфична, сепак ви дава визуелно подраматичен изглед.

nov-trend-maskara-vo-boja-koja-vi-odgovara-najmnogu-4.jpg

Напомени:

- Нанесете ја маскарата во подебел слој

- Водете сметка покрај интензивната боја на маскара, сенката да биде неутрална, мирна и невпечатлива.

- Користете руменило во побледи нијанси.

- Врвот на трепките намачкајте ги со црна маскара за уште поизразен изглед.

- Не ги заборавајте и долните трепки.

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава