Направете домашен педикир пред да одите на плажа

Ако сакате педикирот да вие трае во текот на целиот одмор, тогаш следете ги овие неколку чекори пред да заминете на плажа.

napravete-si-domasen-pedikir-pred-da-odite-na-plaza-1

За лакот на ноктите на нозете да не ви исчезне уште првиот ден додека сте во вода, тогаш почнете однапред неколку дена да ги подготвувате вашите стапала и направете си одличен домашен педикир:

1. Неколку дена пред да одите на одмор немојте да ги лакирате ноктите на нозете со цел да ги зајакнете и да ги опоравите од лаковите. Во текот на овие неколку дена, нанесувајте само витаминско масло на кутикулите и хидратантна крема на целото стапало.

2. За совршен изглед, пред да нанесете лак во боја прво исполирајте ги ноктите со турпија и исчистете ги евентуалните остатоци од лакови со ацетон, без додатоци како масла.

3. Најпрво нанесете базен лак во тенок слој, а дури потоа лакот во боја, а на крајот завршете со проѕирен лак за заштита.

4. Помеѓу нанесување на секој од лаковите, правете пауза од 2 минути. После неколку денови или ноќта пред да одите на одмор, додајте уште еден слој од лакот во боја за дополнителен сјај и свежина. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава