Домашна маска од краставица за 3 типа на кожа

Освен за да ги отстраните темните подочници, свежите краставици можете да ги употребите и како средство со кое ќе си направите природна козметика.

domasna-maska-od-krastavica-za-site-tipovi-koza-1

Дознајте како можете да го негувате лицето според вашиот тип на кожа.

1. Маска од краставица за сува кожа:

Потребни состојки:

  • 1 мала неизлупена краставица
  • 1 супена лажица павлака

Начин на подготовка и употреба:

Добро измијте ја краставицата, а потоа исечкајте ја и ставете ја во блендер за да добиете кашеста структура. Потоа во кашата додајте ја павлаката и добро измешајте ја смесата.

Мешавината нанесете ја на чисто лице, врат и деколте, а потоа почекајте околу половина час и измијте го лицето со топла и ладна вода. Во маската можете да додадете и неколку капки маслиново масло, а маската повторувајте ја неколку пати неделно.


2. Маска од краставица за мрсна кожа:

Потребни состојки:

  • 1 Мала неизлупена краставица
  • 1 кафена лажичка сок од свежо исцеден лимон
  • 1 супена лажица кисело млеко

Начин на подготовка и употреба:

Измијте ја краставицата и исечкајте ја ситно, а потоа измешајте ја со другите состојки. Нанесете ја маската на лицето, вратот и деколтето и почекајте 30 минути, а потоа измијте ја. На крајот лицето намачкајте го со хидратантна крема.

Маската користете ја 2 пати неделно, а доколку забележите дека кожата ви станала сува, исфрлете го сокот од лимон од состојките.


3. Маска од краставица за нормална кожа:

Потребни состојки:

  • 1 мала неизлупена краставица
  • 1 кафена лажичка мед

Начин на подготовка:

Измијте ја краставицата, исечкајте ја и ставете ја во блендер за да добиете каша, а потоа додајте го медот. Добро соединете ја смесата и нанесете ја на чисто лице, врат и деколте. Почекајте околу 30 минути, а потоа измијте ја кожата со топла и ладна вода и намачкајте ја со крема.

Маската повторувајте ја на секои 2 до 3 дена, за кожата секогаш да ви биде свежа и сјајна. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава