Eucerin AQUAporin ACTIVE – во нова амбалажа и со подобрена функција

Доколку имате дехидрирана и чувствителна кожа, и сакате брзо да обезбедите интензивна хидратација тогаш новата Eucerin AQUAporin ACTIVE е вистинскиот избор. Овозможува интензивна хидратација во длабочина, ја смирува чувствителната кожа и ја прави мека и нежна. Кожата брзо ја апсорбира, претставува одлична основа за шминка, а клиничките и дерматолошките проучувања докажуваат одлична ефикасност и подносливост од чувствителната кожа. Не содржи додатоци за мирис и е без парабени, а најдобро е да се нанесува на чиста кожа на лицето наутро и навечер, избегнувајќи ја зоната околу очите.

eucerin-aquaporin-active-vo-nova-ambalaza-i-so-podobrena-funkcija-01.jpg

Дехидрираната кожа изгледа без сјај, дава чувство на затегнатост и не е во можност да се заштити од надворешни надразнувачи, и како резултат на тоа таа станува чувствителна. Интензивната и долготрајната хидратација е неопходна за да се одржи природниот и  убавиот изглед на кожата.

Eucerin AQUAporin ACTIVE  за нормална до комбинирана кожа е освежителен навлажнувач за лицето, кој го подобрува  системот за хидратација на кожата правејќи ја еластична, мазна и блескава. Овозможува интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржи активната состојка глуко-глицерол  која го стимулира производството на аквапорини во кожата, водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во кожните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата. Биохемиските процеси започнуваат длабоко во кожните клетки што е гаранција за идеална хидратација. Еуцерин AQUAporin ACTIVE е магичниот клуч за оптимална хидратација на кожата-долготрајно и длабоко.

eucerin-aquaporin-active-vo-nova-ambalaza-i-so-podobrena-funkcija-02.jpg

Eucerin AQUAporin ACTIVE – ефекти

Во ин-витро и ин-виво клинички и дерматолошки тестирања направени во септември 2014 година, каде беа вклучени 365 испитаници, жени на возраст од 20-45 години, се испитуваше ефикасноста на производите и влијанието врз осетливата кожа.

  • Кај 98% од испитаниците брзо се забележани подобрувања во нивото на хидратација како и интензивна хидратација на кожата до 24 часа кај луѓето кои ги употребиле овие производи.
  • Подобрена хидратација е овозможена дури и три дена по престанокот на користење на овој производ, каде 89% одговориле дека чувствуваат дека нивната кожа е помека и нежна
  • 97% од испитаниците одговориле дека производот е соодветен за осетлива кожа
  • по една или две недели на употреба, нивото на хидратација е оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.

eucerin-aquaporin-active-vo-nova-ambalaza-i-so-podobrena-funkcija-03.jpg

За откривањето на значењето на аквапорините во 2003 година американскиот молекуларен биолог Питер Агре доби нобелова награда за хемија, истакнувајќи дека колку повеќе има аквапорини во кожата толку поефикасна е хидратацијата.

Како резултат на оваа иновација, инспирирани од откритието на Aquaporine експертите од истражувачкиот центар на Еуцерин пред неколку години ја создадоа серијата на иновативни производи AQUAporin ACTIVE, кои сега се во нова амбалажа и со подобрена функција.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
5 продукти за нега на лице што ја прават кожата мазна и чиста, според дерматолог Серумот со витамин Ц, но и кремот со заштитен фактор се едни од најважните проду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg