Намирници и креми од кои треба да се откажете ако сакате да ги победите акните на грбот

Баш тогаш кога сакате да се разголите, ви се чини дека акните на грбот се најизразени? Можеби не е Марфи, туку начинот на кој се храните и негувате.

namirnici-i-kremi-od-koi-treba-da-se-otkazete-ako-sakate-da-gi-pobedite-aknite-na-grbot-01.jpg

На грбот постојат лојни жлезди, па најчесто акните се јавуваат во овој предел.

Се јавуваат и на грбот и на градите, заради злоупотреба на консумирање на протеините на база на кравјо млеко, но и заради употреба на масла за сончање кои предизвикуваат запушување на отворите на жлездите.

Исфрлете ги од употреба богатото млеко за тело, маслата за масажа и мрсните креми за сончање. Наместо нив, користете производи кои брзо се впиваат и сушат.

Сепак, овие акни може да се јават и заради облеката, па во жешките денови кои следуваат обидете се да носите памучна облека.

Туширајте се редовно за потта да не се задржува на телото, но исклучиво со благи гелови.

Трудете се да јадете повеќе зеленчук и овошје, а помалку нездрава пржена и масна храна.

Ако во било кој момент акните станат болна појава како никогаш претходно, не глумете сами свој доктор, туку посетете кожен специјалист.

За да го спречите настанувањето редовно (3 пати неделно) користете пилинзи и препарати за чистење со смирувачко дејство.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава