Домашни лекови против стриите и целулитот на задникот, стомакот и бутовите

Главната причина заради која се појавуваат стриите е промената на телесната тежина, честите варирања на истата, како и нагло растење или ширење во пубертетот. Едноставно кажано, никој не е имун на нив.

domasni-lekovi-protiv-striite-i-celulitot-na-zadnikot-stomakot-i-celulitot-1.jpg

Зависно од ширењето на кожата, стриите може да бидат во различни бои и да се појават на различни места. Од нозете, бутовите и задникот, па се до стомакот. Нивната боја може да варира од виолетова, до нијанса посветла од природната боја на кожата.

Како да ги отстраните стриите по природен пат?

1 решение: Мевлем

Измешајте ½ шолја маслиново масло со ¼ шолја гел од алое вера и додадете 4 капсули витамин Е и 2 капсули витамин А. За поубав мирис, додадете етерично масло по желба.

Добиеното масло чувајте го во ладилник и нанесувајте го 2 пати дневно на критичните места.


2 решение: Алое вера

Посебно корисна за стриите на нозете и стомакот, затоа што ја обновува еластичноста на кожата и ги пополнува трагите кои настануваат.

Потребно е да ја третирате кожата со чист алое вера гел по туширањето и тоа секојдневно.


3 решение: Сок од лимон

Методата е неверојатно лесна и евтина, затоа што ви е потребен само сок од еден лимон. Со исцедениот сок намачкајте ги критичните делови и масирајте со благи, кружни движења.

Почекајте 10тина минути, па кожата исплакнете ја со млака вода. Лимонот е одличен природен избелувач, па само по 1 седмица ќе ги забележите резултатите.

domasni-lekovi-protiv-striite-i-celulitot-na-zadnikot-stomakot-i-celulitot-2.jpg

4 решение: Кокосово масло

Уште едно масло кое значајно ќе ви ја подобри ситуацијата. Принципот на употреба е идентичен како и со сокот од лимон – задолжително масирајте ги критичните делови со кокосово масло по туширање.

За ефектот да биде подобар, може да додадете и шеа путер.


5 решение: Белка од јајце

Како одлично средство за стриите на нозете се покажале обичните белки од јајце.

Белката содржи витамини и аминокиселини кои ќе ви го забрзаат опоравувањето на кожата.

Земете 2 белки и матете ги додека не добиете густа смеса. Со сунѓерче втријте ја смесата на кожата, почекајте да се засуши, а потоа измијте со ладна вода. Нанесете хидратантна крема.


6 решение: Масло од рицинус

Ова масло е совршено за масажи на кожата затоа што ја враќа еластичноста, одлично хидрира и дури ги елиминира брчките.

За стриите до ден денес се употребува во земји како Индија, каде го комбинираат со топли купки.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава