Домашна маска од кајсии за исончан тен

Сезоната на кајсии е во полн ек, па наместо да купувате вештачки креми, искористете ги нивните предности пред одмор.

domasna-maska-od-kajsii-za-isoncan-ten-01.jpg

Богати со витамин А и Ц, калиум, железо и бакар, ја штитат кожата од штетното влијание на UV зраците.

Освен тоа содржат витамини Б3 и Б5,  фосфор, магнезиум, вода и белковини, билни влакна, билни масти, етерични масла и целулоза.

Докажано е дека позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем, штитат од стареење и го спречуваат настанувањето на брчки.

За да добиете исончан тен исто така потребни ви се само неколку кајсии и следниов рецепт:

Земете 5 кајсии и ставете ги во блендер. Додадете 4-5 капки маслиново масло и мешајте.

Добиената смеса нанесете ја на лице или ако направите поголеми количини, нанесете на телото.

Маската оставете ја да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Ако имате сува кожа, додадете 2 лажици јогурт на секои 2 кајсии, наместо маслиново масло.

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава