5 места на кои треба да нанесете парфем ако сакате да трае подолго

Без разлика на тоа која е најглавната причина за употребување на парфемот сите ние имаме крајна желба: истиот да потрае цел ден.

kje-trae-podolgo-5-neocekuvani-mesta-za-prskanje-na-parfemot-01.jpg

За парфемот да трае подолго најчесто го нанесуваме неколку пати, во главно на зглобовите, но постојат сосема поинакви и неочекувани места кои ќе го постигнат ефектот на долготрајност.


1. Коса

Наместо на кожа напрскајте го парфемот на вашата коса. Многумина веруваат дека овој начин на нанесување на парфемот може да потрае цел ден. Но, во ниту еден случај не го прскајте на краевите, бидејќи алкохолот од парфемот може да ги оштети.


2. Грб

Можеби ви звучи чудно, но научникот за олфакторното функционирање Шандлер Бур вели дека идеално место за прскање на парфемот е токму грбот. На овој начин ќе мирисате цел ден, но на суптилен начин.


3. Внатрешна страна на лактите

Намирисајте ја нежната кожа на внатрешната страна на лактите, а ако сакате парфемот да ви потрае подолго најдобро е пред тоа да нанесете хидратантна крема.


4. Внатрешна страна на колена

Нежната кожа на внатрешната страна на колената е уште едно идеално место за нанесување на парфемот, бидејќи истата е прилично тенка и бргу го впива мирисот. Меѓу другото, самото место произведува поголема количина на топлина, па и мирисот на парфемот ќе се засили.


5. Папок

Лив Тајлер тврди дека парфемот на ваков начин го користи со години и дека е прилично ефикасен начин за подолго задржување на мирисот.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава