Како да ги прикриете деловите од телото кои не се сончани?

По летното уживање на сонцето го добиваме идеалниот бронзен тен на телото, но тој тен си има и свои мани. Остануваме со делови кои не се сончани, а овие траги се посебно забележливи кога сакаме да облечеме некоја поразголена маица.

kako-da-gi-prikriete-delovite-od-teloto-koi-ne-se-soncani-01

Се прашувате како може да се ослободите од овие непријатни аспекти на бронзениот тен?

Постојат неколку решенија:

1. Започнете со пудра

Наједноставно е да употребите потемна пудра која нема да ја ставате во големи количини туку ќе ја употребите за да го разблажите ефектот од сончањето и двете различни бои на кожата да ги соедините.


2. Време е за бронзер

Со широка четка нанесете бронзер преку клучните коски се до рамената. Тој дополнително ќе направи да добиете сјаен изглед на кожата и ќе ги изедначи боите.


3. Не заборавајте на рацете

Бронзерот може да ви помогне и во нагласувањето на мускулите на рацете. Со него можете да ги нагласите најубавите делови од телото  и да создадете дефиниран изглед на вашата фигура.


4. Контурирајте ги и градите

Побујно деколте е секогаш добра идеја, а истото можете да го имате дури и кога имате мали гради. Решение е бронзерот. Подигнете ги градите со рацете и со бронзерот нагласете ги внатрешните делови од градата.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава